(Фото) Патот над одморалиштето “Михајлово” е во катастрофална состојба

Дупки на патот, потоци вода сред пат, аскопан асфалт и одрони од дрва и камења е сликата на делницата на патот што води над детското одморалиште „Михајлово“ во Кавадарци.

Движењето по овој пат е опасно и рискантно. Обилните дождови кои наврнаа во последниот период најверојатно уште еднаш, по кој знае кој пат ги изненади надлежните кои покрај снегот во декември, изгледа не очекуваа и дождови во месец јули и август.

Патот е вистинско “швајцарско сирење” и треба да се има “Шумахер” возачки способности за да се помине а притоа да не се оштети возилото.

Во екот на летната туристичка сезона кога голем број од граѓаните на општина Кавадарци и околината бараат природно прибежиште каде накратко можат да уживаат во природните убавини на “Кожуф” планина. Инаку, делницата Кавадарци-Михајлово е во солидна состојба.

Оставете коментар