Парите – зверот и убавицата

Спремајќи се за мојот испит на светлина од свеќа во дом опкружен со мирис на смет, бев исцрпен, како и сите мои соученици, и според Ларкин виновни беа нашите родители: “Тие ве зезнаа, твоите мајка и татко. Можеби немале таква намера, но го направија тоа.” Барем имаше нешто корисно да се научи од книгите.

Сега, по 30 години работа со фондации како Оксфам и Спасете ги децата, Светската Банка и Форд Фондацијата, сфатив дека Ларкин се сфатил погрешно. Не се виновни нашите тие кои не зезнаа, туку парите.

Парите ги одвојуваат ‘донаторите’ од ‘примачите’ и ги претвора активистите во молители. Парите го јадат телото на политиката како рак, корумпирајќи го волонтерскиот дух на граѓанските акции и заедницата. За 99% од нас парите се извор на гнев бидејќи никогап ги немаме доволно, додека останатите 1% страдаат од свои сопствени внатрешни демони бидејќи имаат премногу. Парите ги претвораат обичните смртници во супер – луѓе и филантропи, кои сакаат да го спасат светот но завршуваат со уништување на јавните добра како на пример образованието. Обожавани и славени, парите се бесценета мерка за вистинската вредност, претворајќи се што ќе допрат во производи кои можат да се продадат, вклучувајќи ја солидарноста и љубовта.

Но парите не се секогаш бариера за социјалната трансформација, баш како што вашите родители не ве зезнуваат секој пат. Моите не го направија тоа, како што излегоа работите. Златното правило на Фредрик вон Хугел е ‘помогнете им на оние што ги сакате да избегаат од вас’. Моите родители ме охрабрија да го направам тоа. Тоа е спротивно чувство на алчноста, амбицијата, контролирањето кои дозволуваат свет на странска помош и филантропија, и кои го претвораат помагањето на другите во поинаква форма на доминација.

Исто е, мислам, и со парите, кои можат да бидат моќен ресурс за социјални промени ако се ослободат од овие чувства.

Ако не за пари, јас и вие не би можеле да си препродаваме корисни работи едни на други, или да градиме социјално продуктивна економија која сеуште се потпира на системот на размена. После се, парите се само валута – она што се прилепува на парите е проблемот: работи како влијанието и вредноста, статусот и позицијата, и најбитно, моќта и контролата.

Можеби е вистина дека ‘револуцијата нема да се финансира’, како што вели старата изрека на социјалните движења, но некој сепак мора да плати за неа со нешто, барем за оние елементи на социјална промена кои создаваат трошок преголем за луѓето да можат да се справат со него сами. Тоа се однесува на се, од пристојна здравствена заштита до меѓународна организација која ги заштитува човековите права. Значи парите во исто време се ‘и зверот и убавицата’. Прашањето е не како да се заменат, туку како да се направат попозитивна сила при трансформацијата на општеството.

Активисти, писатели, филантропи го истражуваат прашањето на трансформацијата. Кои нови форми на валути постојат, и зошто тие можеби се покорисни при потрагата за социјална правда? Која е врската помеѓу расата, богатството, нееднаквоста и моќта? Можат ли филантропските фондации да играат корисна улога, или се само симптоми на банкротиран еконосмки систем? Има ли повеќе демократски методи за градење, одржување и користење на богатството така што повеќе луѓе можат да го користат бенефитот и одговорностите?

Со цел да се претворат парите во потпорен систем за социјална трансформација, нашата врска со парите истот така мора да се трансформира како на лично така и на политичко ниво. Ова е единствениот начин да се ослободат парите како валута од контролата и доминацијата кои манипулираат со нивната корисност. Проблемот е што оваа задача станува неверојатно тешка за исполнување, од две основни причини.

Првата е растечката нееднаквост, која ги акцентира сите негативни аспекти на парите. Нееднаквоста го зајакнува богатството, моќта и влијанието на оние кои имаат многу, и ги ослабува оние кои имаат најмалку. Како резултат, проблемот со парите станува уште полош.

Наоѓањето начин да се изедначи ‘теренот’ за политиката и социјалните промени при услови на растечка економска нееднаквост е апсолутно витално, затоа иновациите како што се демократското владеење во невладините организации и фондациите, и самофинасирањето на социјалниот активизам, се битни. 

Второ, како што се повеќе аспекти од живтото се комерцијализирани, улогата на парите расте и стануваат дури и уште побитни. Кога се спремав за мојот испит не се соочував со студентски кредит по дипломирањето. Всушност моето образование беше бесплатно, благодарение на тогашната бротанска држава. Ниту пак се плашев дали имам приватно здравствено осигурување, што моментално е моја преокупација бидејќи живеам во САД. Мојата сопруга недоамна беше подложена на мала операција на раменото која траеше еден час . сметката? 85.420 долари, ви благодарам многу, што секако беше намалена на 45.000 долари со оглед дека плати нашата компанија за здравствено осигурување.

Што повеќе работите се монетаризирани на овој начин – како здравството, образованието, грижата за постарите, и пристапот до знаење – толку повеќе пари ни требаат за да преживееме, дури и ако е само за да платиме премии за здравствено осигурување, и тлкуо повеќе ментална и физичка енергија треба да потрошиме да заработиме за тие работи. При овие услови, да се биде ‘помалку приврзан’ за парите е невозможно. Затоа голем дел во решавање на проблемот со парите е да се земат повеќе неоходни за живот работи од маркетите, и повторно да се вратат во јавниот и општестествениот сектор.

Разгледувани заедни, овие два тренда – комерцијализацијата и нееднаквоста – ја зајакнуваат силата на парите како бариера за позитивните социјални промени. Затоа промената на оваа ситуација бара добро размислување и радикални експерименти, а не површност за проблемите преку нови форми на филантропија. Филантропските фондации станаа легитимни уреди за секој социјално – свесен милијардер. Филантропијата од секогаш по малку била насмевка на лицето на нееднаквоста.

Продолженото постоење на овие темели – огромна количина на приватно богатство со многу ослободување од даноци но без јавен отчет како го потрошиле тоа богатство – е само анахронизам во демократското општество. 

Може ли богатсвтото креирано во нелегален економски систем да се користи за легализирање на тој систем? Може ли да се исчистиме себе си од психичкото загадување кое парите често го прават, така што може да ги користиме на начин кој ослободува а не не прави робови?
Ајде да дознаеме.

 

 

Извор: kosmosjournal.org

Превод: Попова 

 

Оставете коментар