Александар Панов и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту еден суштински проект!

ОО на СДСМ Кавадарци упати серија обвинувања до градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, затоа што во двата мандата со кои го предводеше градот не реализирал ниту еден капитален и суштински проект и дека во изминативе два мандата не реализирал голем дел од ветените проекти.

Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев обвини дека Панов и ВМРО-ДПМНЕ немале повеќе кредибилитет и образ да им ветуваат на граѓаните на општина Кавадарци било што.

“Се наоѓаме на градскиот пазар во Кавадарци. На ова место, според ветувањата на Александар Панов и ВМРО-ДПМНЕ, требаше да биде изграден затворен пазар и деловно-трговски центар. Но, затворен пазар никогаш се изгради. Исто како што не беше изграден ниту Подземниот коридор, ниту кејот до Брушански мост а нема ништо ниту од реконструирање на главните улици и влезовите во градот.

Панов и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакво право да ветуваат било што пред граѓаните на Кавадарци. За цели два мандата, Панов и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту еден суштински проект кој би го унапредил животот во Кавадарци.

Поради неспособноста на локалната власт, Кавадарци денес е еден од најзагадените градови во Македонија и истовремено е град со најлоша патна инфраструктура.

Затоа на Кавадарци му се потребни промени и тие ќе се случат наскоро. По промените на централно ниво, доаѓаат промени и на локално ниво. Кавадарци ќе добие локална власт која ќе работи единствено во интерес на граѓаните.” – се вели во изјавата Ѓорѓиев.

ВМРО-ДПМНЕ преку Александар Панов реагираа на овинувањата изјавувајќи дека инвестираат го градскиот стадион, кејот на реката “Луда Мара”, музејот и зградата на Заводот за вработување.

“Се наоѓаме на местото каде што е изграден комплетно нов музеј, а добро знаете дека во изминатиот период кога Социјал демократстиот сојуз беше во централната власт и партиципиент во локалната власт, ова беше дувло на наркомани и место каде што се фрлаа отпадоци”. – изјави Панов.