Овчички, црни овчички или друго?

Формирате свое мислење, врз основа на докази. Се трудите да дојдете до вистината, колку таа и да не е пријатна.
Значи вие сте Активист, така?
Не мора да значи.
Можеби сте поминале безброј часови секоја година истражувајќи ги проблемите каде сакате да смените нешто – читајќи книги, магазини и блогови; гледајќи безброј видеа и емисии.
Можеби сте имале дебати со вашите пријатели или семејство каде сте ги демантирале нивните аргументи, дел по дел, се додека не стане очегледно дека вие знаете повеќе од нив. Секој пат чувствувате дека сте победиле.
Но која е разликата што сето ова ја направило во светот? Дали сте промениле нечие мислење, освен своето? Дали всушност ПРАВИТЕ нешто што ќе направи позитивен напредок во целта во која верувате? Да, вие сте најпаметниот човек на светот, со јаки аргументи за тоа зошто е светот во криза и како може да ја решиме, но не правите ништо !
Да разјасниме, никој не ве обвинува за ништо затоа што сите сме такви. Поминуваме години во читање на тези зошто светот е во ваква ситуација и што да се направи за да се смени. Но не правиме ништо.
Кај луѓето со слободно размислување восхитувачки е тоа дека тие минуваат и трошат огромен дел од своето време во истражување на сите агли на проблемот. Ги разгледуваат сите страни на приказната. Ова им дава неверојатна основа да направат позитивни промени кај она што го истражуваат.
Но таму завршува приказната. И покрај цело истражување, тие не се вистински Активисти. Активизмот бара активност, но тие едноставно не превземаат акција.
Слободното мислење е битен прв чекор кон активизмот, но е само тоа – прв чекор. Наредниот е да се помине од слободено мислење во слободно извршување.
Слободните Извршувачи создаваат солидна основа за истражување и теории така што излегуваат надвор во светот, сакајќи да направат промени, без разлика на потенцијалните негативни последици кои би биле штетни за нив. Ова ги прави слободните извршувачи вистински активисти. 

Пет типови на луѓе во светот

Ајде да ги погледнеме различните типови луѓе кои ги има во светот, од оние кои едноставно се заглавени во машинеријата до активистите кои прават позитивни промени во светот. 

“ОВЧИЧКИ”

Oвие луѓе го живеат животот со превез врз очите, тие се постојано водени од 0.001% луѓе кои го контролираат светот и сите ‘овчички’ во него. Лесно се одрекуваат од своите права со прифаќање на традиционалното однесување без прашања, не истражуваат и не преиспитуваат ништо што општеството, владата и медиумите бараат од нив. Се одрекуваат од своите човекови права. 

 

 

“ЦРНИ ОВЧИЧКИ”

Овие луѓе се сосема спротивно од ‘овчичките’: одбиваат авторитет, избегнуваат да го следат status quo – то и целосно одрекуваат се што меинстрим медиумите велат. Но сепак следат еден авторитет: алтернативниот политички и медиумски систем. За разлика од ‘овчичките’, ‘црните овчички’ сакаат да го направат светот подобро место. Но поради тоа што веруваат во се она што алтернативните медиуми ќе кажат, тие немаат балансиран поглед или основа да направат вистински промени во светот.

Иронично, тие се само ‘овчички’ но се турудат многу да не бидат тоа – следејќи систем без преиспитување.

“СЛОБОДНИ МИСЛИТЕЛИ”

Kако што спомнавме, овие имаат балансиран поглед на специфични проблеми во светот каде што сакаат да направат позитивно влијание. Ја следат својата интуиција во решителната потрага од силни факти со цел да стигнат до вистината и до свои сопствени заклучоци. 

Како и да е тука застанува се; не превземаат вистинска акција со која би направиле позитивни промени во животот на луѓето на кои сакаат да им помогнат. Станувањето Слободен Мислител е битниот и неопходен прв чекор кон станување Активист – но е само прв чекор.

“МРАЧНИ ИЗВРШИТЕЛИ”

Овие луѓе ја сочинуваат групата од 0.001% популација која ги контролира погоре споменатите типови на луѓе:
– Тие ги контролираат ‘овчичките’ со тоа што ќе се осигураат дека истите нема да се оттргнат од она тркало во кое се ставаат глувчињата.

– Ги контролираат ‘црните овчички’ со тоа што ослободуваат повеќе конспираторски пропаганди со кои би ги задржале во константна состојба на страв и нетрпеливост, одвлекувајќи им го вниманието од целите на Вистинскиот Активист.

– Ги контролираат ‘слободните мислители’ преку испраќање на потсвесни пораки за страв – ако делуваат и активно го прават она што го знаат, нивниот живот каков што го познаваат ќе биде уништен.
‘Мрачните извршители’ се грижат само за одржување на контролата врз човештвото. Вообичаено може да ги најдете на високи позиции во Владите, сопственици на најголемите корпорации во светот, како и на највисоките позиции во верски институции.
Тие се огорчени луѓе кои се плашат од човечкиот прогрес. Живеат само во левата хемисфера од нивниот мозок и никогаш не ја истражуваат десната. Живеат само со главите но не и со срцата. Никогаш вистински не сакале никој и за нив е многу тешко да прават било што освен да контролираат.

“СЛОБОДНИ ИЗВРШИТЕЛИ”

Ова се луѓе кои живеат свој живот и навистина му помагаат на човештвото низ своите дневни активности. Не се алчни, не мразат, ниту се нетолерантни, и веруваат дека било која друга личност е различна од нив. Главната цел е да ги направат луѓето посреќни, веруваат дека добрината и нежноста се повисоки достигнувања од мудроста. Веруваат дека сите луѓе се еднакви, и без разлика на последиците сакаат да го направат местото подобро за живеење. Би умреле за целта која ја имаат. Тие се Вистински Активисти.

Како да станете Слободен Извршител сега?

Еве неколку едноставни прашања и задачи со кои ќе почнете да делувате денес со што би направиле акции кои ќе ве донесат до Слободен Извршител и Вистински Активист:
– Што може да направите денес што би направило разлика во некоја цел?
– Кои стравови ве спречуваат да направите разлика денес? Составете листа од стравови
– Што може да направите денес за да надминете еден од овие стравови преку превземање акција?
– Кој може да ви биде од помош? Како може да дојдете до нив? Телефонски повик? Лектронска пошта? Посета?
– Која активистичка група, невладина или социјална организација може да ви помогне? Да се биде дел од поставените цели на некој друг може да ви помогне да го направите вашиот нареден чекор.
– Што е она што се плашите да го постирате на социјалните медиуми поради страв да бидете осудени од вашите пријатели? Дали вашите пријатели се луѓе со кои сакате да бидете во иднина?
– Што може да му ветите на некој што го познавате добро, а кое ветување ќе придонесе да превземете акции за исполнување на тоа ветување?
Сега направете го првиот чекор – излезете и направете позитивни промени.

 


 

{facebookpopup}

Оставете коментар