Отворено писмо на навивачката група „Лозари Исток”

Се навршуваат две години од започнувањето на акцијата на навивачката група ЛОЗАРИ ИСТОК од Кавадарци коjа имаше за цел да го подобри и да го реорганизира градскиот фудбалски клуб Тиквеш од Кавадарци – Лозари за подобар Тиквеш. Во склоп на оваа акција за брз временски период беа собрани 1930 потписи и беа предадени лично на градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов, но до ден денес сеуште нема никаков резултат од сите досегашни акции, барања и преговори. На последната седница одржана во собранието на град Кавадарци на советничко прашање кога ќе се реши прашањето со фудбалскиот клуб од Кавадарци беше одговорено дека тоа ќе биде во наредните 20 дена, со тој одговор градоначаникот сам си го даде и последниот рок за решавање на овој проблем.

Ако не биде презентирано нешто конкретно навивачката група Лозари ќе излезе на мирни протести и низ низа други активности ќе го искаже незадоволството кое е наталожено во секој искрен навивач од Кавадарци кој во срцето го носи Тиквеш.

Наш предлог е да се регистрира здружение на граѓани кое би било составено од бивши истакнати спортски работници и фудбалери на Тиквеш и од тоа здружение да се појави нов градски фудбалски клуб „Тиквеш 1930”, кој би започнал да се натпреварува за жал од општинската лига.

Во меѓувреме да се направи отворена средба во градското собрание под покровителство на советот и на градоначаникот на која ќе биде поканета целокупната бизнис елита од градот, навивачите, со цел да се изгради една стабилна финансиска конструкција, која потпомогната со средствата одвоени од градскиот буџет за фудбал, плус плаќање чланарина во клубот и помошта од бизнис секторот да го изградиме и воздигниме повторно клубот на ниво на кое секој Кавадарчанец го памети Тиквеш и на ниво каде секој Кавадарчанец сака да го види својот клуб. Се уште стоиме цврсто и зад сите барања кои беа изјаснети од пред две години и кој ќе бараме да се внесат во статутот на новиот клуб Тиквеш 1930, а тоа се следниве:

• Kлуб во кој на најважните функции ќе седнат образовани и компетентни луѓе без обзир на партиската припадност
• Клуб кој транспарентно ќе работи на финансиски план
• Клуб во кој ќе се почитуваат сите закони на Република Македонија
• Клуб кој ќе нема да продава млади играчи од неговите школи додека соодветно не се засили
• Клуб кој ќе има резултатска визија
• Клуб кој ќе служи како пример за доброто однесување
• Клуб кој активно ќе учествува во активности во општествениот живот
• Клуб кој ќе има поголема поврзаност со навивачката група Лозари
• Клуб чии натпревари ќе бидат забава за цела Кавадаречка фамилија со стадион кој ќе одговара со високи услуги
• Клуб кој вистнски ќе се грижи за своите легенди и ветерани, демократски избори на водство на клубот на годишни собранија
• Клуб кој ќе работи на проширување на своите членови и навивачи
• КЛУБ КОЈ КЕ БИДЕ ГОРДОСТ НА КАВАДАРЦИ!

Со почит,
Навивачка група,
Лозари Исток 1991 – Кавадарци 

Оставете коментар