Отворен е НВО центар во Кавадарци

НВО центар за потребите на здруженијата и организациите од Кавадарци

Во општина Кавадарци се реализира проектот “НВО Центар” каде локалната самоуправа со огромна помош на УСАИД им излезе во пресрет на дел од здруженијата и невладините организации од овој регион да можат своите активности да ги извршуваат во сопствени простории.

Изградбата на овој проект чини 70.000 евра додека неговото опремување изнесува 800.000 денари.

Здруженијата ја искажаа својата благодарност до сите фактори кои го овозможија овој проект а посебно до американскиот народ кој преку програмата УСАИД им овозможи на локалните здруженија да имаат свое катче каде ќе ја продлабочуваат својата креативност.