(Видео) Отпуштени се 41 работник од српски “Дрекслмаер”

Германската инвестиција “Дрекслмаер” со седиште во Зрењанин, Србија, им врачи отказни решенија на 41 од своите работници. Работниците се огорчени и незадоволни со работата на синдикатот, а голем број од нив во текот на работата во оваа компанија се здобиле со статус – инвалиди, што дополнително им го отежнува наоѓањето на ново работно место.

Од компанијата “Дреклсмајер” се уште не се огласиле по ова прашање. Отпуштените работници тврдат дека во компанијата постојат пропусти. Според информациите кои ги имаат отпуштените работници кои како што велат отказот го добиле од кадровската служба, наводно 700 работници треба да се отпуштат до јуни следната година. Од нив, 300 веднаш после Нова Година, а остатокот во текот на летото.

Јавна тајна е она што се случува во комапнијата и како се однесуваат одредени луѓе спрема работниците. Во текот на годината не е ретка појава Службата за медицинска помош често да интервенира.
Марија Ѓуровиќ вели дека синдикатот не сакал да ги заштити работниците. Таа наведува дека државата е виновна, бидејќи донела закон со кој овозможува со работниците работодавецот да прави што сака, се е во негова корист, а ништо во корист на работникот.

“Додека бев здрава и додека можев да работам тогаш бев добра, а сега добив отказ” рекла Ѓуровиќ.

Весна Влаховиќ вели дека давала максимум и дека работела прекувремено и покрај тоа што не морала, бидејќи е инвалид.
Нена Младеновиќ за условите во компанијата вели дека не се добри за работа, бидејќи постојано биле изложени на промаја.

“Никој не се грижеше за нас, а колегите не исмејуваа. Ако ние сме вишок работна сила зошто се примаат нови?” – вели таа.

Повеќе може да погледнете од прилогот.

Извор РТВ САНТОС

Оставете коментар