Основен суд Кавадарци го одбележа денот на граѓанската правда?

Средношколците од правната насока при Гимназијата  “Добри Даскалов” беа во посета на Основен суд Кавадарци за подетално да се запознаат со функционирањето на судот како дел од нивната идна професија. Целта беше да се информираат граѓаните за нивните права и да се промовира работата на судот.

Судијата Лидија Ридова истакна дека основен суд Кавадарци доследно ги почитува препораките на Советот на Европа и настојува да ја приближи правдата кој граѓаните.

На младите средношколци им беше посочено дека во судството во Македонија “тече мед и млеко”. Никој на идните правници и судии не им објасни дека токму Европа и Европската комисија во годишниот извештај наменет за Република Македонија посебен акцент става на слабата карика наречена Министерство за правда и сите “случувања” во него. Европската комисија го издвојува судството како една од најпроблематичните области. И во минатогодишниот извештај беше нотирано дека реформите во судството стагнираат и дека извршната власта се меша во судството.

Оставете коментар