Општина Кавадарци со закана кон порталот МОЈОТГРАД и невладината ПРОЕКТ-ЕУ

Во писмото стои мноу јасно дека тие (читај, Општината) ќе ни дозволат да постоиме како портал – како они да одлучуваат кој ќе живее а кој ќе умира (?) – само да не’ многу “буричкаме“ околу нивната работа во Општина Кавадарци. Подолу е скен-материјалот кој може да го погледате, да го прочитате. Јавна работа, а некои луѓе Јавната работа ја користат во Приватни цели?!

Ова е втора закана од ваков тип и тоа во период од 3 дена.Претходно закана на адреса на ПРОЕКТ-ЕУ пристигна и од УЈП. Од врхушката.

Во едни вакви моменти, во општеството во кое живееме, кога државната па и локалната каса се’ празни, владеaјачките структури не’ избираат средства и механизми од каде и на каков начин да се прибираат пари за полнење на буџетот и за потхранување на нивните партиски административни војници.

Целиот наслов на невладината ПРОЕКТ-ЕУ гласи: Здружение за ширење демократија и демократски принципи во општеството – ПРОЕКТ-ЕУ. Повеќе од очигледно дека зборот ДЕМОКРАТИЈА кај некои ликови поминува само како мисловна именка.

ПРОЕКТ-ЕУ и МОЈОТРАД немаат намера да ја трошат својата енергија на закани од ваков тип кои имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од вистинските општествени проблеми.
Напротив, продолжуваме со нашите активности за целосна поддршка на граѓаните на Општината Кавадарци во секоја рамка во која може да им одговориме. Вклучувајќи ја и ЈАВНАТА работа и критиката кон локалната власт. Сега, па и во иднина. Без разлика дали тоа им се допаѓало или не.

За крај и една порака или апел до сите надлежни институции во Кавадарци. Во иднина, ве молиме да не си ги прилепувате лично на себе критиките кои произлегуваат од порталот МОЈОТГРАД. Напротив, ако живееме во демократско општество, како што често и тврдите, во тој случај обидете се од критиките да ја извлечете вистинската поента и искористете ја ангажирајќи се да се реши некој конкретен проблем кој е во директен интерес на граѓаните, и тоа во пократок временски интервал. На тој начин ќе се промовирате и самите себеси како луѓе кои му мислат добро на град Кавадарци.

 
 

Оставете коментар