(Видео)Опозицијата обелодени нов огромен скандал на власта, извлечени 3.500.000 евра во готово од проектот Демир Капија-Смоквица!

Достапните информации упатуваат дека во скандалот е вмешана Владата на Република Македонија предводена од Никола Груевски и грчката фирма Актор, што го доби тендерот за изградба на автопатот.

Трансакциите на извлекување на парите во кеш, преку Актор, досега одат по стандардно утврдена шема. Се реализираат преку Стопанска банка А.Д. Скопје, филијала Неготино. Ги подигнуваат физички лица, државјани на Република Грција кои помеѓу 1-ви и 10-ти секој месец наменски влегуваат во земјава, а кои воопшто не се ангажирани на изградба на овој автопат. Доаѓаат со автобус, во банката во Неготино ги подигнуваат парите, во евра, ги предаваат парите во просториите на банката на едно лице, а потоа со автобусот заминуваат за Грција.

Повеќе од ВИДЕОТО…

Оставете коментар