Околу 300 граѓани до „ЦИВИЛ“ пријавија повреда на правата

Повреда на човековите права, откази од работно место, кршење на правата за здравствена заштита, притисоци и откази поради партиска определба, се дел од речиси 300 случаи што ги содржи извештајот на Центарот за слобода „Цивил“. Овие случаи ги поднеле граѓани кои сметаат дека биле дискриминирани или им биле повредени човековите права и слободи.

-Административците, особено оние кои се сметаат за симпатизери или членови на друга партија се деградираат и врз нив се вршат притисоци, во малите фирми и претпријатија работничките права се во очајна состојба, а и покрај големата безработица статусот невработен во денешно време тешко се регулира, рече Џабир Дерала од Цивил.

Цивил има отворени центри во Велес, Битола, Тетово и во Скопје, во кои граѓаните слободно можат да се обратат и да ги презентитраат слулчаите во кои сметаат дека нивните права се повредени, без разлика дали станува збор за државни институции или за приватни фирми.

Извор Телма

Оставете коментар