(ФОТО) ОИК Кавадарци остана глува и покрај забелешката да се отстранат паноата во близина на избирачките места

Во непосредна близина на избирачките места 0659, 0663, 0664 кои се наоѓаат во основното училиште “Страшо Пинџур” во Кавадарци сеуште стојат политичките рекламни паноа на некои од политичките партии. И покрај интервенцијата до општинската изборна комисија сепак овие паноа не се тргнати.

Согласно законот, паноата треба да се постават на далечина поголема од 100 метра, но како што може да се забележи од фотографиите овие се на помалку од 50 метра.
ОИК Кавадарци остана глува на оваа забелешка. Продолжуваат нерегуларностите во изборниот процес во општина Кавадарци.

Оставете коментар