ОФАНЗИВАТА НА ЗАЕВ НЕ СМЕЕ ДА ЗАПРЕ

Ако е вистина она што Геро го обелоденува за планот на Грујо како да остане шеф на преодната влада, а МВРО-ВМРО да остане на власт и да и го продаде тој „компромис“ на А.Меркел, Заев треба да одговори со зачестено испукување на бомбите. Секој втор ден – бомба.

Изгледа дека има повеќе од доволно материјал. Меѓувремено, Грујо и неговите ќе треба да се договорат дали снимките се од странски служби или се монтирани овде, од домашни служби. За да не се срамат во Берлин фатени во расчекор со турнати гаќи. А башка од турнатите гаќи: Кој во Берлин ќе им поверува дека некој може да смисли и да измонтира саати и саати такви гнасотилаци кои смрдат на она што половина Македонија го насетуваше, а четврт Македонија го трпеше на сопствените плеќи! Нејсе, да се вратам на темата.

Трикот на Грујо просто бара канонада од страна на Заев која ќе покаже дека завршницата на оваа мизерна власт не може да се состои од оставка на Зврлевски, повлекување во заветрина на Сашо, Гордана, Миле и Зоран и со Грујо како хаузмајстор кој треба да ја исчисти канализацијата кој лично тој ја затнал и од која се шири неподнослива смрдеа. И трикчето на Грујо труе на истата смрдеа. Офанзивата на Заев и опозицијата не смее да запре. Заев вети дека ќе ја открие вистината за Македонија без пардон и тој тоа им го должи на граѓаните и на самиот себеси.

 (Текстот е превземен од Фејсбук профилот на авторот)

 

Оставете коментар