Одлука по нарачка

пишува Зоран Бањански

Одржана е седница на Советот на Општина Кавадарци. Како и секоја седница кога треба да се донесе некоја важна одлука од интерес на граѓаните седницата се претвара во една театарска претстава во која едната страна изнесува факти и аргументи и во најмала рака покажува преку работа една одговорност спрема жителите на Општина Кавадарци и од друга страна советниците на ВМРО ДПМНЕ кои оваа претстава ја претвораат во гротеска.

Главната точка преку која може да се дефинира ,целата филозофија на владеење на ВМРО ДПМНЕ и сите дилеми на граѓаните околу тоа како може да бидат овие на власт кога никој не ги гласа се исцрпува преку одлуката за доделувањето на јавните паркиралишта на Јавен Приватен Партнер и следствено на тоа определување на концесискиот надомест кој ке биде стартна цена за јавно наддавање и висината на инвестицијата.

Имено организираното паркирање е потреба за Кавадарци и од тоа не се бега без разлика што на многу луѓе нема да им одговара,прво затоа што значи една промена а кон промена луѓето природно имаат повеќе отпор отколку радозналост, второ тоа значи еден нов трошок,трето оние кои живеат во зоните за паркирање а кои немаат паркинг сега ке треба да плаќаат 300 денара годишно.
Но од друга страна пак позитивностите се многу повеќе и се со посилно влијание како на пример: организираното паркирање треба да го реши сообраќајниот метеж во центарот на градот и да го подобри протокот на возила, ќе овозможи слободни места токму на оние кои имаат наголем приоритет(Прва помош, пожарна и сл.), треба да го намали користењето на возилата за кратки и непотребни дестинации со тоа и заштита на животната средина преку намалена емисија на издувни гасови и т.н и на крајот ке му носи на градот одредени финансиски средства.

Ставот на СДСМ е дека треба да се донесе одлука

1. Јавните паркиралишта да се дадат на Јавно Претпријатие основано од Општина Кавадарци значи со него да стопанисува Општината.
2. Доколку мнозинството изгласа дека треба да се дадат Јавните паркинзи на концесионер тогаш треба да се одреди висината на концесијата многу повисока од онаа што е предложена во физибилити студијата.

При тоа поднесуваме амандмани за намалување на цените и го изнесуваме јавно ставот со образложение.

Анализата на советничката гупа на СДСМ која се базира на методологија и податоци од физибилити студијата порачана фактички од ВМРО ДПМНЕ а доставена до членовите на советот покажува дека во најпесимистичката варијанта односно најмалку приходи а најмногу трошоци, ке носи околу 300.000 евра нето добивка.

Врз основа на тоа секој одговорен политичар односно советник треба да направи математика и да донесе одлука што е подобро за општината а со тоа и за жителите на Општина Кавадарци.

Физибилити студијата вели дека стопанисувањето треба да се дади на Јавен Приватен Партнер и при тоа концесионерот треба да направи инвестиција од 269.992 евра а следствено на тоа концесијата да изнесува не помалку од 46.000 евра.

Координаторот на советничката група на ВМРО вели дека ВМРО е одговорна партија и дека таа прави анализи и по тоа се разликува од СДСМ а една советничка од ВМРО пак ни вели дека нашите анализи биле паушални односно ние не знаеме да пресметаме.

Тогаш му понудив да направиме пауза и да им ги поделам пресметките но тие од нив бегаат како ѓавол од темјан.Се јавуваат многу дилеми:

  1. или мора да е многу битна партиска фаца заинтересирана за паркинзите во Кавадарци;
  2. или некој има многу голем интерес од доделување на ЈПП
  3. или пак наредбата е дадена од централата на ВМРО па треба да се донесе одлуката без многу мрчење.
  4. или советниците ја немаат прочитано студијата;
  5. или ништо не разбираат.

Сите дилеми се во оптек.
Па да му покажеме како сме пресметале на координаторот на многу одговорната партија и многу компетентната и елокветна советничка.Еве како се пресметува колку нето добивка носи овој проект.
Па да му покажеме како сме пресметале на координаторот на многу одговорната партија и многу компетентната и елокветна советничка.Еве како се пресметува колку нето добивка носи овој проект.

Ова е пресметката за годишните приходи и расходи кои се претпоставува дека ке ги акумулира стопанисувачот со јавните паркинзи изработена од советниците на СДСМ па следствено на неа треба да се донесе одлука дали да се донесе одлука за да се даде јавното паркирање на концесионер кој ке биде одреден спрема критериум да инвестира 269.000 евра и да влези во јавно наддавање со почетна цена за концесија од 46.000 евра или тоа да биде Јавно претпријатие во сопственост на Општина Кавадарци.
За да биде појасно ви ја приложувам студијата порачана од Општината односно од ВМРО ДПМНЕ за да можете и вие да си направите сами пресметка.

ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА

 Табела 2. Очекувани годишни приходи од паркирање (од четврата година) 

*Приходи од казните се пресметани со динамика на опаѓање за 10 процентни поени секоја наредна година после втората година до 5тата година кога се очекуваат 70% од приходи од казни од приходите остварени во првата година.

• Работење и одржување во евра (годишно)


Остатокот од вредност на средствата и опремата од амортизацијата не е земена во предвид бидејќи приватниот партнер ја префрла целата опрема на јавниот партнер.

Пресметката е направена и во двата случаи според овие критериуми копирани од физибилити студијата:

Зонско паркирање

Направивме конзервативна оценка  на побарувачката за паркирање во часови. За прва зона како и за втора и трета зона зедовме како да дневно ќе се наплатува по 7 часа (просечна побарувачка по паркинг место како за во општина Битола). Оваа вредност ќе ја множиме со 80% заради пореално прикажување на приходите за фактори кои не се земени во предвид како на пример потребата од обезбедување на 3% места за инвалиди кои паркинг места не носат доволно приход и/или други фактори.

Повластено паркирање

За повластено паркирање за станари ќе земеме вредност од 46% од вкупниот број на паркинг места (искуство од Град Скопје). Цената е утврдена 300 денари за станари за прво возило годишно и 500 денари за второ возило годишно. Оваа вредност ќе ја множиме со 80% заради пореално прикажување на приходите за фактори кои не се земени во предвид.

Резервирано паркирање

За резервирано паркирање за правни лица ќе земеме вредност од 5% од вкупниот број на паркинг места (искуство од Град Скопје). Цената е утврдена како за 8 часа пресметани согласно тарифата за зонско паркирање за соодветната зона помножено со 20 дена и помножено со 12 месеци во годината). Резервацијата не важи во време кога зонското паркирање е слободно (надвор од тарифен временски период кој се наплаќа). Оваа вредност ќе ја множиме со 80% заради пореално прикажување на приходите за фактори кои не се земени во предвид.

Претплатна (месечна) паркинг карта

Претплатна (месечна)паркинг карта е предвидено да има два типа. Прв тип на претплатна (месечна)паркинг карта ќе важи само за правни лица. За овој тип на претплатна (месечна) паркинг карта цената е пресметана како за 8 часа согласно тарифата за зонско паркирање за соодветната зона помножено со 20 дена и со намалување од 10% за прва зона, 20% намалување за втора зона и 30% намалување за трета зона. Оваа претплатна (месечна) карта важи само за зоната за која се однесува картата.

Втор тип на претплатна (месечна)паркинг карта ќе важи и за физички и за правни лица. За овој тип на претплатна (месечна) паркинг карта цената е  пресметана како за 8 часа(треба: согласно тарифата за зонско паркирање за соодветната зона помножено со 30 дена и со намалување од 20% за прва зона, 30% намалување за втора зона, а за трета зона начинот за пресметување на цената е ист како за тип 1 ( трета зона има ист третман и за тип 1 и за тип 2). Оваа претплатна (месечна) карта ако е купена за прва зона ќе важи покрај за прва зона и за втора и за трета зона, ако е купена за втора зона ќе важи покрај за втора зона и за трета зона и ако е купена за трета зона ќе важи само за трета зона.

 

Казни

Земени се во предвид приходи од казни во вредност од 48% од бројот на паркинг места од зонското паркирање согласно искуствата од Град Скопје. Надомест за непријавено  паркирање во зоните ќе се утврди во предлог Одлуката.

За непријавно паркирање се ставаат лисици(блокатори) и се наплатува секој час според тарифникот и надоместок од 1000,00 денари како казна за непријавено паркирање. Доколку надоместокот за непријавеното паркирање не биде регуларно до 7 часот наутро интервенира Пајак службата, а трошоците за нејзина интервенција се проценети на 1500 денари од подигање на возило.)

__________________________________________________________________________________

Значи овој дел е комплетно копиран од студијата на која се повикува координаторот и советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Велам дека студијата е порачана од ВМРО ДПМНЕ затоа што координаторот рече јавно на говорница дека тие се одговорна партија и дека прават анализи па поради тоа што не покажаа друга анализа од физибилити студијата и малку интелегентен човек може да сфати дека ова е партиски порачана студија.  НО ДАЛИ Е ТОЧНА?

Прва зона има 143 паркинг места, Втора зона има 385, трета  има 317 паркинг места.

Видете приходи од зонско паркирање од табела. 2 во износ од 248.718 евра. Од каде е добиена таа бројка кога во образложението вели дека се сметало на следниов начин:( 147 места во прва зона*45 денара просечна цена од 7 часа по 7 часа во денот да бидат зафатени паркинг местата по 30 дена помножено со 12 месеци во годината и целата таа вредност се намалува за 20 % за непредвидени несотварени приходи односно помножено со 80 %)или 147*45*7*30*12=16.669.800 денари, или во евра 271.053 ЕВРА намалена за 20% непредвидени неостварени приходи  изнесува 216.842 евра годишно.

На оваа сума се додава пресметката за останатите зони и останатите форми на приходи.Само за илустрација да видете за втора зона колку се предвидуваат приходи: 385 паркинг места помножено со 35 денари(колку што изнесува просекот од 20+30+40+40+40+40+40)помножено со 7 часа помножено со 30 дена во месецот помножено со 12 месеци во годината и од таа сума се зема 80% поради непредвидени неостварувања на приходи или 385*35*7*30*12=33.957.000 намалено за 20 % =27.165.600 денари или 441.717 евра годишно.

Дали треба уште математика. Само по двете основи сумата е преку 655.000 евра а не се пресметани ниту приходи од трета зона ниту картите од резервирано паркирање ниту повластено паркирање ниту месечните карти ниту приходи од казни .

Што тоа значи?- Тоа значи дека кога Општината би стопанисувала јавното паркирање во оппштинската каса би се слевале околу 300.000 евра чиста добивка што укажува на тоа дека секој нормален човек треба да ја одбере оваа варијанта.

Во спротивно доколку би се одело на јавно приватно партнерство знаејќи ја оваа сума на чиста добивка би требало да се определи сума на почетна сума за наддавање на електронска аукција за концесиски надомест од 120.000 евра годишно ан 46.000 евра годишно.

Кога приватник излегува на наддавање тој не почнува да наддава веднаш од 46.000 на 106.000 евра туку на 46001 евро па така натаму. Следствено на тоа ако е почетната сума сума за наддавање 120.000 наредната наддадена сума најверојатна ке биде 120.001 евра па сега споредете.

Колку луѓе располагаат со овлку пари плус задолжителната инвестиција од 269.992 евра. Каде оди разликата?

Знаејќи го ова дали може да се осуди некој да одбере алтернатива која е полоша,тенденциозна наместена.  Кога ќе умреш, ти не знаеш дека си умрел и ништо не те боли. Ги боли другите околу тебе. Исто е и ако си глуп.

Ете зошто кога ќе ги повикаш советниците од ВМРО ДПМНЕ да дадат свое мислење или став во врска со некоја одлука кога се раскрчмува државниот или општинскиот имот или кога некој ќе треба да се наименува на некоја битна позиција тие одговараат секогаш исто„вмро дпмне победи на изборите и народот му верува на вмро дпмнe” како да си ги прашал кој победи на изборите.

Но добро што почнаа да одговараат затоа што повеќе од година време ниту тоа не го одговараа, па почнавме да се загрижуваме да не имат некоја болест или фобија од зборување пред јавноста.

 

Зоран Бањански, Координатор на советничка група на СДСМ 

 

[1]Просечна годишна бруто плата по работник од 240,000 денари. Тековно и инвестициско одржување е проценето на 2% од вкупната инвестиција годишно. Потрошувачката на пајак возилото е земена на 20 литри на 100 км. Оценка е дека едно возило ќе помине дневно 50 км. Надомест за плац за Депо е земено како за најскап надомест од 20 евра за м2. Вкупно предвидено 3000м2.

[1]Согласно Уредбата за начинот на користење на амортизацијата, односно отписот на вредноста на нематеријалните и материјалните средства и за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки (Службен весник на Р.М.број 64/2002; 98/2002 и 10/2008 година).

 

[1]1% од инвестициските трошоци
.

Оставете коментар