(ФОТО) Младите волонтери на СППМД го одбележаа меѓународниот Ден на Детето

Во рамките на веќе започнатиот проект “Промоција на детските права и интеркултурна комуникација”, младите волонтери на СППМД (совет за превентива против малолетничка деликвенција) од Кавадарци го одбележаа 20-ти ноември, меѓународниот Ден на Детето.

 

Одбележувањето на овој меѓународен ден започна со флешмоб изведба на младите волонтери на градскиот плоштад во Кавадарци предводени од нивниот супервизор Цветанка Камчева.

  

Денот продолжи со заедничка посета со децата од ромската националност на музејот на општина Кавадарци како и новата црква Св.Петка. За крај, беше одржана работилница која беше организирана во просториите на СППМД. Работилницата беше на тема “Детските Права”.

 

Оставете коментар