Од национализам до патриотизам (дел втори)

Ако се сетите на почетокот на оваа приказна, околностите се исто така дел од планирањето. Ако би планирале така како да не постои свет туку како да постоите само вие, тогаш вие сте Бог, а ако сте Бог, тогаш нема расправи. Но ако не сте Бог, тогаш секогаш постои окружување во кое морате да ја планирате својата стратегија, и ако тоа окружување на крај ја одбие вашата стратегија и ве доведе до неуспех, тогаш вие сте виновни, а не тој свет. Значи, ако не успеете да се снајдете во едно окружување, за тоа не е виновна природата. А меѓународната политика е како природата. Олуја, торнадо, поплави, сето тоа се случува и тука нема многу морални размислуања. Тука постојат односи на сила, снага и вие тоа треба да го разберете и низ се тоа некако да поминете, а да не страдате. Оној кој ја морализира таа ситуација, на крај не завршува добро. Тој е или наивен или неспособен.
Тоа е, всушност, карактеристика на тие традиционални општества, во кои она што е управување со општеството се морализира или идеологизира. И во кои се вели – ние сакаме нешто, ние имаме добри намери, ние имаме добре мотиви, но дали ќе успеем, тоа не зависи од нас, тоа зависи од нешто друго. Па ако не успееме, тогаш велиме – веројатно постои некоја светска завера, која намислила сите наши намери да ги осуети. И тогаш сме мирни, бидејќи сме нашле образложение зошто никогаш не успеваме.
Меѓутоа, ако колективниот идентитет го базираме на еден модерен облик, како што е патротизмот, тогаш наместо етика на намера ќе имаме етика на одоворност. Наместо да образлоѓуваме што сме сакале и зошто се резултатите такви какви што се, наместо да држиме морално говори за тоа дека сме добри и какви се права имаме, ќе вршиме детални анализи на своите шанси за да она што сакаме успее. Ќе бидеме одговорни за последиците, а нема да бараме оправдување за мотивите. И тоа е огромна разлика. На таа разлика се дели прашањето дали ние како народ можеме да влеземе во 21 – виот век со една модерна форма на колективен идентитет. Дали ќе пробаме да изградиме некои механизми на модерните општества во индустријата, во стопанството, во институциите, а во својата свест ќе задржиме еден архаичен вид на колективен идентитет, кој ќе се базира на тој моралистички пристап, каде одговорноста никогап не е врз оние кои спроведуваат некоја активност, туку е секогап на окружението, кое можеби нема да ја прифати таа активност туку ќе ја одбие.
Значи, многу е битно од нашата историја да се види кои се причините поради кои често сме доживувале неуспех. Ако мислиме дека другите се виновни, тоа е позиција која во голема мера гарантира дека и во иднина ќе го доживуваме она што сме го доживувале во минатото. Ако му приоѓате на еден проблем на ист начин, мижете да очекувате дека ќе ги добиете истите резултати кои сте ги добиле и претходно. Ако тој резултат бил лош, сменете го пристапот. Ако не сакате да го смените пристапот, немојте да се жалите затоа што повторно ќе ги имате истите резултати.
Ако сакаме да бидеме поуспешни во 21 – виот век отколку што сме биле во 20 – тиот век, ние мораме да го редефинираме својот однос према себе и према своето окружување со анализа на трендовите кои се случуваат во светот.
Степенот на демократизација во смисла на учество и партиципација на граѓаните во донесувањето на одлуки никогаш не бил повисок во историјата на човештвото отколку што е денес. Тоа се некои реални факти. Понекогаш тоа го забораваме, бидејќи имаме многу примери на злоупотреба, но во релативна смисла, денес власта помалку се злоупотребува отколу некогаш во историјата. И имиџот на власта денес е полош отколку било кога во историјата, поради тоа што постои една демократска свест која не толерира ни најмала злоупотреба, дури ни приказни за злоупотребите, што не значи дека нема земји во кои постојат големи злоупотреби и што не значи дека се ова што зборувам се однесува баш на сите земји. Но мислам дека не треба да се биде песимист, бидејќи политиката сепак е нешто благородно.

Најголема опасност од песимистичкото опишување на политиката е во тоа што поштените и чесните луѓе не сакаат да се занимаваат со политика, бидејќи политиката е нешто лошо и низ медиумите е прикажана како нешто лошо во секоја земја, не само кај нас. Тогаш се случува една доброволна негативна селекција и тие имаат добро мислење за себе и за својот морал велат – нема да се занимавам со политика, бидејќи политичарите се корумпирани, крадци, преваранти. Тогаш на крајот навистина нема доволно добри луѓе кои би превзеле одговорост за нешто што е најбитно, а тоа е општото добро.
Така може да се случи да низ таа кампања која спонтано се води, на крај политиката навистина да стане она за што се смета во медиумите, а тоа е – занимање кое ги валка луѓето. Мислам дека е потребно и во национален интерес е да се рехабилитира позитивното сфаќање за политиката и да се сфати дека не може да им допуштите на лошите луѓе да ја водат државата во која живеете и во која ќе живеат вашите деца. Морате да се потрудите на битните позиции да дојдат добри луѓе, бидејќи ништо не ви значи ако работите, ако на крај сето тоа се упропасти. Ако на крај некој во ваше име тоа го упропасти, тогаш подобро воопшто немојте да работите – подобро да сте спиеле или да се заминале на риболов.
Значи, политиката е инструмент за извршување на големи работи во едно општество, без кој не можете ништо да направите. Денес нема ниту едно општество без политика и оние кои зборуваат за тоа дека е потребно тие работи да ги извршуваат експерти, сакаат да ве измамат.
Мора да се признае фактот дека во модерните општества политичките институции се единствениот инструмент кој може да послужи за извршување на големите општествени проекти. Општеството мора да го контролира тој инструмент и секој поединец мора да биде заинтересиран за квалитетот на тој инструмент, бидејќи од квалитетот на политиката зависи неговата безбедност, неговиот живот и неговата иднина. Најдобар начин е да се вклучите во тоа, бидејќи партиципацијата е исто така мегатренд за премин од репрезентативна демократија кон партиципативна демократија, значи премин од тоа да гласате еднаш во четири години до тоа секој ден во својата локална заедница или низ различни граѓански иницијативи вршит епритисок и влијаете врз дневното донесување на одлуки кои се битни за вас. Тоа е она што дава квалитет на едно општество.
Не знам колку сте вие заинтересирани и мотивирани за тоа, но ако не сте, тогаш немојте после тоа да се лутите што во ваше име ќе бидат донесени одлуки кои ќе бидат на ваша штета.
Ние во светот немаме пријатели. Тоа е лоша вест. Помалку лоша вест е дека никој во светот нема добри пријатели и дека во светот никој никого не сака. Постојат само протоколи. Постои дипломатија која сето тоа го прикажува на убав начин. Секој ги брани своите интереси и секој сака некој друг во склоп на своите интереси. Ако некаде се појави гужва, тогаш страда најслабиот. Ако возиш фиќо на автопат по кој се претекнуваат шлепери и цистерни, немој да се буткаш, бидејќи ќе настрадаш. Дали тој претекнал на лева страна подоцна свети Петар ќе го разрешува, но ти ќе бидеш на небото. Значи процени ја својата ситуација, своите можности, процени ја патеката на тие шлепери, т.е. Америка или Русија или Кина и види како да се снајдеш во тоа и како на крај да стигнеш до својата цел. Во принцип, тој автопат е доволно широк. Ако се вешт шофер, автопатот е доволно широк за да секој може да стигне до својата цел.
Некои ми велат – ние сме православен народ и поради тоа немаме панса. Грците се православен народ, но Грците ја искористија приликата, па се приклучија на некој конвој, се движат заедно со него и под негова заштита и тоа многу успешно. Пред триесет години ние за Грција бевме Америка. Денес Грците за нас се Америка. Грција има голем бруто домашен производ. Грција произведува годишно повеќе од нас 50 милиони кои живееме овде: Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Романија, Молдавија, Бугарија. Сите заедно помалку произведуваме од Грција која има девет милиони жители. Тоа е последица од нивното прилагодување и тоа што во еден момент сфатиле каде се движи светот и рекле – ајде и ние да бидеме со тој свет, а не против него, но и да не се стопиме во него. Тие имаат својј многу јасен национален интерес – тие ќе стават вето во Европската Унија за Турција не може да влезе во ЕУ.
Нема трајни пријателства и нема трајни непријателства во меѓународната политика. Секогаш треба да се процени колкав е ризикот. Ако ризикот е преголем, треба да се тргнете. Ние во Белград не бевме во состојба тоа да го процениме. Вие тука сте колатерална штета на лошата проценка во Белград, бидејќи во Белград во тој момент не одлучуваа луѓето кои можеа да разберат што се случува во светот. Тие мислеа дека падот на Берлинскиот зид е еден инцидент и дека ќе биде изграден дупло поголем зид во деведестите години. Во 1989 година е срушен по грешка, но во 1992, 1993, 1994 тука ќе биде пренесен Кинескиот зид. Секако, тоа беше глупо.
Беше јасно дека насоката на светските случувања се движи во тој правец, дека социјализмот и како економија, и како идеологија и како систем е поразен, дека се распаѓа и дека треба да се бара иднината на некоја друга страна. И ние ја плативме таа цена. Голема грешка би била да се плати таа цена уште еднаш, а тоа може да ни се случи, бидејќи својата иднина ја создаваме со обновување на косовскиот пораз. Еднаш сме поразени, а тогаш низ цела историја од тоа правиме мит. Секако дека ние тоа може да го прикажеме како своја победа. Но јасно е дека тоа беше пораз. Но ако вие од пораз направите победа, тогаш вие практично го славите својот пораз. Наместо да кажеме, така беше, тоа се случи, да анализираме зошто се случило, бевме неединствени, не ја разбравме ситуацијата доволно.
Ајде нешто да направиме за да тоа го исправиме и во следната ситуација бидеме на страна на победниците. Милсам дека тоа е можно. Но за да бидете играч по правила на светската игра, морате да исполните одредени минимални услови за да бидете прифатени како играч. Ако постојано ги прекршувате правилата и постојано велите – не сакам ова, не сакам она, го сакам она што мене ми се допаѓа – тие ќе ве исклучат и ќе кажат – излези на клупа, и таму играј по свои правила. Значи мора да се најде некоја мера на почитвање на правилата и фаулите, за да судијата не примети или разни комбинации кои ќе ве водат кон тоа да постигнете гол и да на крај победите.
Мислам дека ние како народ имаме проблем со тоа што нашите лидери се претерано егоцентрични и самобендисани и мислат дека се постои само поради нив. На запад, низ развојот на најновите демократски општества, лидерот станува чиновник на народот и нацијата и тој е одржлив само доколку води напред и во онаа мера во која има план за успех на својата нација на тој пат. Тој може да погреши, но оној момент кога своите интереси ги стави над интересите на нацијата и вели – иако станав проблем, нема да се тргнам, бидејќи луѓето ме подржуваат – тој момент тој го губи кредибилитетот.
И само уште нешто да кажам на една болна тема за нас. Зошто на Балканот политиката многу повеќе е митологизирана отколку во класичната централна Европа. Поради тоа што ние имавме проблем со националните држави. Ние бевме народи во старите држави. Имавме Австроунгаркса и Турска империја и во тие империи имавме некој свој ранг, но немавме своја држава. И тогаш тој колективен идентитет се оствари преку етнички идентитет, бидејќи не можеше да се оствари низ политичките институции. Тој колективен идентитет се изразуваше низ јазикот, културата и верата, бидејќи тоа беа единствените атрибути за препознавање на заедницата. Немаше држава, туку постоеше само заедница.
Најдобрите експерти за јазик, култура, вера – писателите, поетите, поповите – не се бап најдобри претставници на еден модерен идентитет. Зошто? Затоа што тие се стремат кон претерување, кон исклучивост, поезија, митови, бидејчи тоа е нивна работа. И ако ја погледнете нашата политика во последните сто, двесте години, ќе видете дека во неа има повеќе проповеди отколку политички програми. Тоа се прикажува како политичка програма. Но кога тоа ќе го прочитате, ќе видете дека се нудат непроверени работи, разни приказни за минатото, разни симболи, се она што не е лошо како дел од општата политичка култура, но е многу лошо ако треба да биде дел од една оперативна политика, во која ви треба јасен план, стратегија, доверлив план.
Вие треба да направите една екипа и велите – те молам направи неколку сценарија на основа на она што може да се случи. Мал дел од српските политички програми се темелат на тој модерен концепт на политика, но имате многу, многу од оние кои се темелат на комбинација на поезија и верски проповеди и поради тоа ние не бевме баш претерано успешни, бидејќи едно е да држите запаливи говори и да се обраќате со емоции, а друго е да планирате една озбилна државна политика.

Ако ја погледнете Франција, Англија, Германија, Австрија, ќе видете поголем степен на национализам отколку кај нас. Но тоа таму не е потенцирано како национализам. Тоа е патриотизам. Она што Американците го направија во Виетнам, тоа не беше национализам, тоа било патриотизам темелен на погрешни претпоставки, но на крај тоа се пресметува и се вели – тоа беше грешка. Сакам да кажам дека нашиот хендикеп е делимично во тоа што ние нашиот национален интерес го изразуваме на погрешен начин поврзувајќи го за етничката припадност пред се, за етничките разлики и една статична позиција, која доведе до одредени неуспеси. Тоа не значи дека сега треба да го отфрлиме националниот интерес и да кажеме – алтернативата е во интернационализмот, светот нека прави што сака, а ние тоа ќе го следиме. Не. Ние мораме да го редефинираме начинот на изразување на нашиот колективен идентитет, на сличен начин на кој тоа го направија нациите кои се успешни во одбрана на своите национални интересни.

Сите земји кои ги спомнав многу јасно дефинираат што е нивен национален интерес и го бранат тоа, но не се обвинети за национализам. Некој ќе рече – тие прават исто што и ние, само се појаки, па велат дека тоа не е национализам. Не. Тука навистина постојат разлики во формирањето на колективниот идентитет. Сметам дека треба да се одвоиме од национализмот како една етничка припадност и постојаното инсистирање на традиционалните симболи и вредности, а истовремено да не го изгубиме националниот интерес, кој можеме да го дефинираме како патриотизам.

Но не само носителите на власта, туку и сите граѓани кои живеат во една формација како што е Република Српска, како што е Србија, Србија и Црна Гора, можат, она што е битно за унапредување на нивната земја, многу лесно да го изразат во категоријата патриотизам. Со тоа ништо не би изгубиле во ефикасноста, а нема да бидат изложени на оправдана критика дека тое е нешто примитивно, архаично и дека тоа не може да се комуницира на светско ниво, бидејќи национализмот како порака, како идеологија не е комоникативен. Вие со тоа не можете да стигнете никаде, освен во некои земји каде постојат вески судири и каде секако постојат слични емоции – тие разбираат за што ние зборуваме, но тоа не е терен на кој ние се натпреваруваме.
Зборувам само за светските односи и тоа е натпревар во кој ние мораме да ги почитуваме правилата како што ги почитуваат сите останати. Секако, ако можеме да оствариме некоја своја цел со некои други механизми како што другите прават, тоа треба да го реализираме. Но не во смисла на кршење на основните правила. Во принцип, заобиколуваат сите каде што можат, но кога погледнете просечно, ќе видите дека светските правила се почитуваат. Тоа е некој светски сообраќај, каде се крши ограничувањето на брзината, забраната на претекнување, но тоа се повеќе исклучоци отколку правила и ние мораме да сфатиме дека и ние мора да ги почитуваме светските правила и дека тоа е добро за нас, бидејќи со тоа остануваме во светскиот сообраќај.
Разликата меѓу етиката и моралот е многу битна. Она што е добро за еден народ е етиката. Моралот е прашање на намери, јас да кажам – јас мислам дека тоа е добро и јас тоа ќе го правам, бидејќи моите мотиви се добри. Затоа што на крај ќе се случи катастрофа, не сум јас виновен, јас тоа го направиви со добри намери. Јас тоа го презирам. Мислам дека тоа е изговор на слабите. Мене не ме интересира намерата. Мене ме интересираат последиците. Секој има добри намери и мислам дека е тоа работа на пристојност. Јас немам намера да дискутирам за нечии намери. Подразбирам дека секој има добри намери. Но тоа е толку тривилајно, што не ме интересира. Мене ме интересира што следува од тоа. Ако не следи некоја последица која е корисна за мене, добрите намери не ме интересираат.
Во јавниот живот мене ме интересираат последиците кои се добри за таа заедница во која тој јавен живот се спроведува. Ако имате перманентно лоши псоледици, според мене е сеедно дали тие се засновани на или на некоја друга правда или на добри намери, бидејќи тоа на крај доведува до пропаст на заедницата.
Ништо не може да се спроведе без технологија. И намерите без инструмент се само убави желби. И, секако, инструментите без етика можат да бидат ужас, бидејќи во Аушвиц е совршенството на технологијата, но за да се оствари лош проект. Значи, една заедница непрекидно мора да дискутира за тоа што е добро за неа и во политиката да ги бара инструментите за спроведување на тоа. И во таа мера е една расправа за вредностите и целите за секоја човечка заедница неизбежна. Ако тоа не им служи на луѓето кои живеат во таа заедница, тогаш таа е отуѓена моќ која луѓето треба да ја срушат. И секако дека тие ќе ја срушат, зошто би ги давале своите животи за да некој друг во нивно име спроведува свои цели.

Јас мислам дека во 20-тиот век дојде до една мала деформација, бидејќи во тој процес на технологизирање на сите односи и создадено едно уверување дека човековата заедница е како компанија или како некоја економска категорија, па се набљудува преку корист и цена. Во човековата заедница секогаш ќе остане компонентата вредност, морал. Значи, нешто што на некому му е важно. И мислам дека во човековата заедница секогаш ќе остане компонентата правда. Значи човековата заедница без компонентата правда не може да постои, бидејќи е природно за човекот да сака да се афирмира, бидејќи основниот атрибут на човековата личност како разлика од животните, е дека човекот сака да доживее сатисфакција, да биде признат, да добие шанса да реализира некои свои потенцијали – и тоа е поимот за правда.
Заедницата која тоа не го овозможува не може да биде успешна, бидејќи луѓето ги бојкотираат таквите заедници и не сакаат да учествуваат во зголемување на нејзината моќ и нејзиното богатство. Откако ќе го поставите прашањето на правда, бидејќи различни луѓе мислат дека заслужуваат разни работи, морате да имате прашање за демократијата, што значи можност за тоа да се дискутира јавно и да се утврдат приоритетите во општеството. Бидејќи не може сите барања на поединците да бидат исполнети, тогаш се поставува прашањето – а што е подобро за општеството: дали да се изгради автопат или да се даде кредит на селаните? Бидејќи средствата се ограничени, а сите сакаат нешто, мора да се направи една демократска структура, во која ќе бидат вложувани општествени потенцијали и тие демократски структури треба за тоа да одлучат.
Тоа е една возбудлива работа, која е основен атрибут на човековите општества – расправата за тоа што е правда и обидеите секоја генерација да дефинира свој начин како правдата да се остварува.
 

Превод: К. Попова

 

Оставете коментар