Димова: Очекувам критичен извештај од европската комисија

Во интервју за порталот СКАЈ, на прашањето “Како ја оценувате Македонија во поглед на европските интеграции”, Димова со свој став:

“Ако ги погледнете последните неколку извештаи за напредокот на Република Македонија коишто ги изготвува Европската комисија секој октомври/ноември, ќе видите неколку работи. Прво, проблемот со името не е единствениот проблем кој стои на патот на македонските евроинтеграции. Подлабока анализа ќе ви покаже дека Македонија има сериозен проблем со реформите воопшто. Второ, едни те исти работи се повторуваат од година во година. За некои од нив нема никакво логично објаснување зошто е тоа така (на пример, 6 години по ред ни се кажува дека „се уште не е ратификувана Европската повелба за регионални или малцински јазици“). Трето, забелешките од клучните поглавја на реформите покажуваат дека имаме проблем со непочитување на независноста на институциите и на регулаторните тела, со принципот на поделба на власта и со принципите на пазарна економија, односно со Копенхагенските критериуми. На пример, иако Државниот завод за ревизија постојано укажува на неправилности во трошењето на буџетските средства, Собранието сè уште нема механизам за разгледување на неговите извештаи. Или пак случајот со Агенцијата за електронски комуникаци која според извештајот „недозволено креира вишок пари создавајќи бариери за влез на пазарот кои ги троши надвор од надлежностите, по налог на Владата, со што си го поткопува авторитетот“. Ова се ужасни констатации кои, за жал, не ја вознемируваат македонската влада, а ниту, пак, македонските граѓани.

Единствен логичен заклучок од сево ова е дека Македонија не само што не напредува во европските интеграции, туку таа драматично назадува. За жал, колку повеќе назадуваме, толку повеќе пропагандната машинерија на Груевски ќе и продава магла на јавноста – од типот на странски инвестиции.”

Оставете коментар