ОБСЕ загрижени за притисоците врз општина Центар

Како што самите посочија на средбата, запознаени се со реалната слика, особено со однесувањето на полицијата за време на протестот кој што беше организиран пред Општината, за вандализмот, во што и лично се увери Амбасадорот Брет и за демолирањето на просториите на Советот на општина Центар.

ОБСЕ го информираше градоначалникот Жерновски дека за овие прашања разговарале со Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и јасно ги изразија своите ставови и гледишта за настаните.

На средбата стана збор и за случувањата на локалните избори, за можноста за предвремени парламентарни избори. Претставниците на ОБСЕ се интересираа за тоа каква е состојбата во опозицијата и дали ЛДП, каде што е лидер градоначалникот на општина Центар, ќе ја продолжи соработката во коалицијата.

Извор Либертас

 

Оставете коментар