(Видео) Обоена зградата на општина Кавадарци

Обоена зградата на општина Кавадарци. Ситниот дожд не успеа да спречи и по шести пат граѓаните на општина Кавадарци да излезат на уличен протест против одлуката за аболиција од страна на претседателот Иванов. Одлука со која се помилувани десетици функционери од државниот врв, кои го испокрадија македонскиот народ, а богами се обидоа и убиства да прикриваат.

Брзопотезен потфат на граѓаните од општина Кавадарци при фарбањето на фасадата од општинската зграда. Виножито од бои, ги има сите до една. Стотици граѓани на протест. Револтот секојдневно расте. Со тоа и бројот на учесници во протестите на ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА.

Денес кавадарчани со уште едно ремек дело, солидарно исто така. Беше подновена фасадата на општинската зграда со ново шарено руво. За без пари. Мала граѓанска донација. Барем малку да замириса на свежа боја. Одвнатре зградата и онака е трула до срж. Да се спаси што се може. Погледнете повеќе од видеото.

Оставете коментар