НВО секторот од тиквешијата ќе го одбележи 5-ти декември, денот на волонтерите

По тој повод и оваа година, традиционално, Невладиниот сектор од Кавадарци (Младински Центар Креактив, Советот за Превентива и Против Малолетничка Деликвенција, ЗОНА, Ју Ен Си и Црвен Крст Кавадарци) а со поддршка на невладин сектор од Неготино (Црвен Крст – Неготино и Центар за Регионален Оддржлив Развој), организираат низа активности за одбележување на овој светски ден.

Програма:

10:00 – 12:00 Презентации во средните училишта за можностите на младите за волонтирање на локално и меѓународно ниво, како и мобилноста на младите.

12:30 – 14:00 Градски плоштад – Јавен настан
(Нинтендо Wii Турнир во пинг понг, промовирање на волонтерските организации во Кавадарци и Неготино, топол чај, забавни игри и останати активности)

19:00 Градски Музеј Кавадарци -“ Македонија низ очите на волонтер” Отварање на изложба на фотографии
(Фотографии од Македонија од фотограф од Франција, поранешен ЕВС волонтер во Креактив Чарли Делхумеау )

21:00 Кафе клуб Доорс – Кафе и разговор со волонтер и Караоке забава

Ве покануваме да ни се приклучите и заедно да го прославиме Денот на волонтерството. 

Оставете коментар