Новогодишна програма на Домот на културата од Кавадарци

“Почитувани,

Крајот на годината ќе донесе неколку настани со кои Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе ги заокружи своите активности за 2013 година. Во понеделник на 23 декември ќе се одржи целовечерен концерт на Балетското студио “Венус“, за да веќе од вторник стартува новогодишната претстава за деца на Театарот при Домот на културата – “Сонот на Дедо Мраз“ по текст и режија на Александар Малинков и ќе се игра секојдневно по две репризи се до петок. За во петок, 27 декември е закажано отварањето на Годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) каде над дваесет ликовни уметници со дела во различни техники и материјали ќе се претстават со своите најнови ликовни ангажмани.

Веќе со почетокот на 2014 Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе ја организира традицинарната Коледарска вечер на која покрај огнот ќе бидат избрани и наградени најдобрите шеги и сатирични настапи, за 8 јануари е закажан традиционалниот Божиќен концерт со учество на кавадаречки класични музичари и секако премиерата на најновата целовечерна претстава на кавадаречкиот Театар “Бегалка“ од Васил Иљовски, во режија и адаптација на Александар Малинков.

Кон половината на јануари 2014 ќе биде отворена и изложба со дела од Меѓународната ликовна колонија “Михајлово 2013“ која се оджа летово во Хотелот “Уни Палас“ во Кавадарци.”

Марјан Тодоровски, Уредник на програма при Дом на култура Кавадарци
 

Оставете коментар