Ново традиционално срање!

пишува Кире Бебеџаков

Простете за задоцнетиот коментар. Сакам и јас да ја изразам мојата безрезервна поддршка до целата јавност која изминатиот период громогласно ја искритикува комплетната организација и луѓето кои беа задолжени а притоа се покажаа како крајно неспособни за реализација на манифестацијата “Тиквешки Гроздобер”, традиција во изумирање која за да “преживее” и е потребна скроз нова концепција, терапија на лечење и измени од корен. Потфрлија организаторите, потфрли локалната самоуправа, потфрлија граѓаните…

Мое видување на целокупната овогодишна циркузијадата е дека доколку успеала “Црвена Јабука” да ги РАЗИГРА а притоа Оливер Драгоевиќ да ги РАСПЕЕ, тогаш кавадаречките локални властодршци топтан со својот расштиман и неспособен кабинет (што партиски што административен – исти курац) успеаја да им ja ЕБАТ мајката на своите сограѓани.

Концепцијата и тематиката на “Тиквешкиот Гроздобер” тотално промашени. “Тиквешкиот Гроздобер” дефинитивно не се состои само од јадење, пиење, ждерење, серење и редење банкноти од 100 денари во прслуците на певаљките од соседното село. Има бре луѓе мноооогу повеќе од тоа. Доколку луѓето кои биле задолжени околу делот на организацијата биле безидејни и “едноставни” во размислувањата и иновациите, требало едноставно да си прашат, а граѓаните со сигурност ќе им кажеле што треба за една поразлична манифестација и како тоа се прави.

Понатаму! Не можам да ги “сварам” дел од “лепешките” од таканаречени културни кавадаречки работници кои и покрај целокупната скандалозна организација се обидоа преку социјалните медиуми, тв колажи и некои интернет портали целото срање да се обидат да го прекријат, да го “нашминкаат” и на крајот да стават и црешки одозгора. Голем срам за нив, црн белег во нивното CV. Самите си удрија клоца по задникот обидувајќи се да ги исперат партиските лајна. Нека им служи на чест. Уствари не, чест немаат!

Одиме уште малку понатаму во делот на финансиите! За другите не знам, но според мене една ваква традиционална манифестација на крајот од денот треба да инкасира финансиски средства и да ја наполни локалната каса со пари со кои ќе се реализираат проекти за олеснување на животот на граѓаните од локалната заедница. Колку пари се потрошени за манифестацијата “Тиквешки Гроздобер”? МНОГУ! Колку пари се инкасирани? ИЧ! Промоција на манифестацијата? катастрофа! Ете тоа е резултатот на едно недомаќинско и погрешно организирање и менаџирање на еден ваков проект. Знаеме сите дека на оние карши “Маршал Тито” полесно им е да земат кредит од неколку милиони и така да решаваат проблеми. Е не, така само се трупаат еден врз друг.

Видете…Ова со гроздоберското манифестациско ебавање ама ич не е интересно, трае веќе неколку години по ред, излегува од колосек, зафаќа некои други сељачки димензии и веќе преминува во една “нова традиција” во која нема место за културата, уметноста, автентичноста, традиционалните алатки и се друго кое е карактеристично за една ваква манифестација. Оние кои тоа намерно го прават, треба под хитно да се спречат, да се дезинфицираат и стават во локалните витрини на срамот. Засекогаш!

Крајниот цех секогаш го плаќаме ние, обичните смртници. Со пари. Наши пари бре луѓе! Претпоставка ми е дека учиме од минатото за да не грешиме во иднина. Да си го чуваме паметот во глава и да имаме пријатен и бериќетен гроздобер. Оној од нивата!

Оставете коментар