Ново фијаско во Кавадарци, на посета ни дојде премиерот да отвори пат пуштен пред 1 година

На ова свечено отварање на премиерот, од страна му ракоплескаа младите кадри од државната администрација, општинската зграда, полицијата, додека во позадина упикливо му се смешкаа и неколку локални феудалци кои најмногу се имаат офајдено во изминатиот период откако на власт е оваа власт.

Интересна беше изјавата на премиерот што ја даде во врска со лошата катастрофална состојба во која беше оваа делница вклучувајќи ја и онаа од 17 километри Кавадарци -Мушовгроб.Токму оваа делница во изминатиот период беше најмногу раскопана од тешките товарни возила на “Македонски шуми” како и на уште неколку фирми сместени во овој дел а се блиски донатори на власта.

После одговарите на неколку “новинарски” прашања,  прајминистерот остави впечаток  дека во земјава “тече мед и млеко” и дека сите можеме комотно да уживаме затоа што државата ни е оставена во сигурни раце.

Покрај ова, свечена лента пресече и на делницата од регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб во должина од околу 17 километри која го поврзува Кавадарци со тиквешкиот дел од Мариово.

Оставете коментар