Ново фијаско на седница на совет на општина Кавадарци

Точки на дневен ред беа редовниот квартален извештај за буџетот за вториот квартал, доделување на престижната седмосептемвриска награда како и “подметнатата” одлука за именување на некои улици во општина Кавадарци. Точката за именување на улици ја допре својата “точка на вриење” и како што е редот кога има “силување” и “убивање” на основните демократски процеси за одржување на една седница на совет, опозицијата  ја напуштија седницата. Битно е да се напомене дека пред самиот почеток на седницата двете страни (позиција и опозиција) се договориле точката за именување на некои од улицитте во општина Кавадарци да се тргне од дневен ред.

„Денеска на седницата на советот на општина Кавадарци советниците од власта промовираа самоволие протнувајчќи ја на сила точката за именување на улици во Кавадарци. Насдвор од законот кршењјќи го и деловникот и статутот на општионата на иста седница се формира нова комисија без да се рзазреши претходната комисија чиј мандат не е определен со одлуката за формирање на та комиија. Ние од опозицијата не сме против именувањето на улиците но сме на страната на почитување на процедурите. Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да го прашаме градоначазошто градоначалникот бега од седница на советот каде има многу битни точки како одлиуката за именување наулици и изветајот за финансиското работење во првите 6 месеци, сигурно градоначалникот е презафатен со неговите приватни бизниси“ рече на прес конференција Горан Белевски, советник од опозицијата потенцира дека денешната седница беше промовирано самоволие од советниците од власта кои со сила ја протнаа точката за именување на улици во општина Кавадарци. Белевски нагласи дека опозицијата нема апсолутно никаков против именување на дел од улиците, но сепак треба да се почитуваат и процедурите. Тој ги спомена и приватните бизнис интереси на градоначалникот заради кои најверојатно и ги избегнува седниците од ваков калибар.

Редакцијата на Мојотград се обрати и до опозициската советничка група кој имаше поприлично што да каже во контекст на денешното “кастрирање” на демократијата во законодавниот дом во Кавадарци.

“На седницата на Советот на Општина Кавадарци на која советничката група од опозицијата демонстративно ја напушти не беше без причина. Имаше многу неправилносто по однос на оваа седница кои сакаме да ги образложиме како советничката група од опозицијата. Најпрвин, комисиите за соодветните точки од дневениот ред беа одржани половина час пред започнување на Седница на Советот.Записник за предходната седница не беше доставен во материјалите за Седница за кој Претседателката Горица Пеливанова-Вилхелм бараше гласање за истиот каде и се увиде нејзината неспремност на седниците зошто воопшто и немаше забележано дека записникот не е доставен. За дел од комисиите членовите на Опозицијата воопшто не беа известени за започнување на комсијата. Како на пример: комисијата за празници и манифестации на која се одлучуваше за 7 Септемвриската награда, членовите на Комисијата од Опозицијата не беа навремено известени и Комисијата беше закажана еден час пред започнување на седницата на Совет.” – вели Сашко Петров.

Советникот Горан Белевски напомена дека еден ден пред одржување на седницата, поточно во вторникот била закажана Комисијата за именување на улици формирана во предходниот мандат чии членови воопшто и не биле присутни на разгледување на промена на имињата на улиците. Што значело дека немало и кворум за расправа.

“Во одлуката за формирање на оваа комисија во периодот кога е донесена има правнички пропуст, не стои период на мандат на оваа комисија. За именување на улиците, надлежна е комисијата за Именување на улици, патишта и други инфраструктурни објекти, чиј мандат на членовите не е определен при нејзиното формирање, а таквата постапка е статутарна обврска. Врз основа на тоа, мандатот на членовите на оваа комисија не е истечен. Но, беше решено, да се формира нова комисија (а без притоа да се разреши старата) и таа нова комисија да даде предлози до советот за именување на улиците во Кавадарци. Беше договорено комисијата да се свика наредните денови, со цел членовите на комисијата да се подготват, бидејќи се работи за десетици (околу четириесет) историски имиња.Значи, за да се протурка оваа точка на дневен ред за менување на имињата на улици во Општина Кавадарци се правеше обид да се протурка преку комисија за Статут и прописи . Поради тоа што Претседателот на оваа комисија е од Опозицијата нормално правнички бараше правно решение и правна причина за да може тоа да се разгледуваа на таа комисија.” – вели Белевски.

“На оваа седница требаше да се формира оваа комисија , па да заседава комисијата до наредната седница на која Советниците заедно со позицијата и опозицијата и Директорот на Музејот на Кавадарци заедничи да одлучат. Но, советниците од ДПМНЕ на чело со претседателката Горица Пеливанова, непочитувајќи го ниту законот, ниту деловникот, ниту статутот на Општина Кавадарци, насилно ја протнаа оваа точка на дневен ред, нормално по пат на мајоризација, односно надгласување. Изреволтирано од кршењето на процедурите, токму од тие кои што треба да ги штитат и спроведуваат, ние советнците од опозицијата ја напуштивме седницата. По напуштањето на седницата, ние, советниците од опозицијата одржавме две пресконференции. Едната прес-конференција , објаснувајќи ги причините за напуштањето на седницата, а другата поради проблемот со водоснабдувањето на селата Бојанчиште и Куманичево. Пресконференциите се одржаа на двете локални телевизии КТВ и ТВТ.” – вели меѓудругото советничката Милица Андова која исто така изрази големо жалење за настанатата ситуација.

Опозицијата ја искористи говорницата и ги запозна и локалните власти а и целокупната јавност со проблемот на мешатаните од селото Бојанчиште и селото Куманичево кои веќе две недели се без вода за пиење.

“Мештаните сакат одговор зошто се исклучени од водовоната мрежа до кога ќе трае и дали градоначалникот ќе ги посети.“ – рече Петров.

По прес конференциите советот продолжи со работа без опозицијата, што е и традиционално нормална работа веќе подолго време на македонското политичко поднебје.

Оставете коментар