Новите Балкански бунтови: од протести до пленуми, и подалеку

Претходните неколку години редовно сме сведоци на јавни протести и бунтови во пост – социјалистичкиот Балкан. Добро познатата мобилизација, борбите и уличното насилство во Грција и Турција, имаат константо и потценето ехо во другите Балкански држави. Тие имаа поинаква историска траекторија: по исчезнувањето на социјалниот режим, во сите земји на Балканот, а најдраматично во оние од бивша Југославија, периодот на наислство, конфликти или генерална нестабилност како и економски потешкотии е проследен со, се чини, бесконечна транзиција кон либерална демократија и неолиберална економија.

Транзицијата требаше да биде процес кој ќе заврши со пристап кон ЕУ. Но сега ЕУ и самата, се чини, е само проект без јасна насока и чии перспективи се несигурни: продолжуваат мерките за штедење, повеќекратни “кризи”, од економски па се до институционални, зголемена стапка на невработеност, посебно меѓу младите, и растечки десно – ориентиран екстремизам во Грција, Франција и Унгарија. 

Во согласност со идеалите на Тачеристите, Европската благосостојба на земјите членки сега е скоро целосно уништена, законите поврзани со работничките права се враќаат на оние од пораните години на дваесетиот век, и јавните сервиси се приватизираат со растечка тенденција. Политичките режими во Балканските земји го следат овој генерален Европски тренд со слични катастрофални резултати. Како и да е, денес во најголем дел од Балканските земји овие режими за прв пат се соочуваат со сериозен отпор кој доаѓа директно од улиците. 

Овие нови социјални движења ја рефлектираат потребата за длабоки промени во Балканското општество. Во случај на ситуациите објаснети погоре, не изненадува дека движењата се разликуваат во своите методи на борба, нивната идеолошка ориентација и нивните стратегии. Главно се реакција на влошената социјална и економска ситуација и големиот број злоупотреби на моќта од страна на корумпираните политички елити.

Тие често служат како центри за нови идеи и повеќе проактивни проекти кои нудат прогресивна визија за своето општество. Каква е типологијата на овие движења и кои се нивните акции?

Од протести против режимот до борба за заедништво

Од почетокот на финансиската криза во 2008 година, протестите против режимот започнаа да се појавуваат низ цела Босна. Во Хрватска пролетта 2011 година, цел месец, 10.000 луѓе маршираа низ Загреб секоја вечер, осудувајќи го политичкиот систем и сите политички партии. Во Словенија 2012 и 2013 година општите “бунтови” ја мобилизираа целата земја, доведувајќи до пад на десно – ориентираната влада и голем дел од корумпираните официјални лица. Во Бугарија пролетта 2013 година големи протести како полседица на драстично зголемените сметки за струја, донесе илјадници луѓе на улица кои веднаш по државните избори беа проследени со уште поголеми протести (летото 2013 година). Со недели масата луѓе протестираше против политичките елити и нивната врска со моќната мафија и медиумските могули. Во Романија повремено еруптирале протести од почетокот на 2010 година, како резултат на неподносливте социјални услови и континуираните мерки за штедење. Слични типови на протести, со различен интензитет се забележуваат и во Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Веројатно најбитните социјални немири во пост – социјалистичките Балкански држави започнаа во Босна и Херцеговина овој Февруари. На овие протести претходеа масовни демонстрации во јуни 2013 година чија главна цел беше да се направи притисок врз политичарите да го решат проблемот со матичните броеви на грѓаните – експлоатирани како многу други работи во оваа земја од страна на националистилките политичари – за да потоа се свртат во општи анти – елитни протести низ сите заедници и сите делови од земјата. Овие протести набргу исчезнаа. Но, на 5-ти февруари 2014 година, само осум месеци подоцна, работниците од неколку приватизирани и уништени фабрики се обединија на улиците на Тузла да ги бараат своите неисплатени плати и пензии. Набргу, им се приклучија и студентите и другите граѓани.

Судирите со полицијата резултираа со владини згради во пламен во Тузла, што беше повторено и во другите градови како Мостар, Зеница и Сараево. И додека медиумите и политичарите ги осудуваа за ‘хулиганство’ и ‘вандализам’, протестантите беа зафатени со поставување на ‘пленуми’, собранија кои се раширија низ целата држава, од Тузла каде бил формиран првиот пленум, до главниот град Сараево, регионалните центри како Мостар и Зеница, се до помалите градови како Бугојно, Брчко, Травник и тн.
Најголем дел од владите на кантоните дадоа оставки и собранијата на кантоните главно ги прифатија – имплементацијата останува друго прашање – барањата од страна на пленумите. По долгите разгледувања отворени за сите граѓани, скоро униформно, со некои регионални разлики, тие бараа ревизија на приватизацијата, крај на прекумерните бенефиции на политичарите, и нови влади пополнети со луѓе кои имаат докажани експертизи и без досие за корупција. 

Сите овие примери – посебно оној Босанскиот – покажуваат дека за прв пат имаме нешто повеќе од анти – владина реторика – наместо тоа има вистински став против режимот. Не само државата, туку и целиот апарат врз кој моменталната олигрхија се базира е доведен во прашање од страна на (понекогаш хаотичните) само – орханизирани граѓани. 

Итноста и природата на овие протести бара повторно да размислиме за категориите кои се користат за објаснувањ ена социјалната, политичката и економската ситуација на Балканот, и било каде во пост – социјалистичката источна Европа. Исто така не обврзува да ја разбереме природата не само на државните институции, нивните слабости или неуспеси, туку и природата на пост – социјалистичкиот режим кој беше (скоро) цементиран во последните две декади, но под сомнеж да се руши под тежината на својата сопствена контрадикторност и производите како што е на пример, неконтролираната сиромаштија.

Побунувањето против овие режими е толку потешко поради тоа што тие често немаат само едно лице, нема диктатор, ниту владеачки фамилии и не се карактеризира со отворена репресија и цензура. Овие повремени изрази на бес навистина се семето на новата политичка и социјална динамика која може да резултира во поголеми движења. Како и да е, тие исто така се карактеризираат со нестабилност и случајни активирања, и обично се проследени со конфузни и контрадикторни политички пораки. 

Протести во Букурешт против Росиа Монтана проектот

Една од најразвиените област на борба се однесува на заедништвото, одбраната на јавните и заедничките добра како што се јавните простори (често паркови), природата (вода, шуми, ридови), урбаниот простор и јавната инфраструктура (електричната мрежа, пругите и сл).

Има голем број примери: The Right to The City движењето во 2009/2010 година во Загреб мобилизираше илјадници во одбрана на плоштадот во Загреб; во Дубровник граѓаните се организираа во одбрана на блискиот рид да се претвори во голф ресорт; во Бања Лука – Босна, граѓаните пробаа да го одбранат еден од неколкуте градски јавни паркови; во Белград се активираа помали мобилизации против сечењето на старите дрва на една од главните улици, со цел да се обезбеди поголем паркинг простор; во Бугарија во 2012 година луѓето демонстрираа против приватизација на шумите; во Романија во 2012 година се протестираше против приватизацијата на итните служби, и повторно против проектот за рудникот за злато во Росиа Монтана кој би предизвикал еколошка катастрофа. 

Овие движења насочени кон одреден проблем се докажа дека се канали за по, покажување на незадоволството на општата јавност и добиваа подршка од најголем дел од граѓаните за кои приватизацијата на заедничките добра или негирањето на јавните интереси е пракса која не може да се толерира. Комерцијализацијата на јавното образование, за кое многумина сметаат дека е крајното заеднички и социјално добро, поттикна масивна студентска мобилизација. 

Назад кон старата алијанса: студенти, работници и интелектуалци?

Од 2009 година, јаки студетски движења се развија во Словенија, Хрватска, Србија, и до одредена мера во Босна и Херцеговина, Црна Гора и од недоамна во Косово. Додека студентите во Босна, Црна Гора и Косово, главно протестираат на класичен начин (маршови, протести и петиции), во Словенија, Србија и посебно во Хрватска студентското движење експериментира со окупацијата и директната демократија. Појавата на пленумите внатре во овие движења може прецизно да ја следиме и во моменталната Босанска пракса на директна и хоризонтална демократија. 

Во овој контекст, вреди да се обрне посебно внимание на Хрватскиот случај, каде независно студентско движење артикулираше јак отпор на приватизацијата и комерцијализацијата на високото образование. Нивниот протест против неолибералните реформи во областа на образованието се претвори во најверојатно првата јака политичка опозиција не само за владата, туку и на општиот политички и социјален режим. Во текот на 35-те денови протлетта и двете недели во есен 2009 година, повеќе од 20 универзитети низ цела Хрватска беа окупирани од студени. Во себе, немаше ништо ново да се каже, но начинот на кој ги окупираа универзитетите заслужува внимание поради неговата оригиналност во многу поголем контекст од оној на другите Балкански и источно Европски земји. Во своите пленуми ги поканија не само студентите, туку сите граѓани, како би дебатираат за проблемите кои се битни за јавноста како што се образованието и, дополнително, да одлучат за насоката на протестите. Најактивниот пленум беше оној на Факултетот за Хуманистички и Социјални науки во Загреб кој секоја вечер собирал по 1000 индивидуи кои ја разгледувале насоката на акцијата.

Овој настан придонесе за појава на движењето за директна демократија која се сметала за неопходна корективна мерка на изборната демократија, и можна, вистинска алтернатива на истата. Новата Хрватска левица, чии идеи набрзо се рашириле низ пост – Југословенскиот простор, не ја гледала директната демократија како органичена од референдумската пракса туку како политичка организација за граѓаните од локалните заедници на национално ниво. Оттогаш, овој хоризонтален модел се користел во многу колективни акции низ пост – Југословенскиот простор, од Occupy движењата до уличните маршови, работничките штрајкви, протестите на фармерите, и, конечно, во поголеми размери, кај протестите во Босна и Херцеговина. 

Неодамнешниот период е исто така обележан со повторно зајакнатите борби на работниците. Тие не се униформни, и се рангираат од класични штрајкови, работничо влијание при раководењето со компаниите кои имаат мнозинско државна сопственост и одбрана на истите од понатамошна приватизација (Петрокемија фабриката во Хрватска), до примери за успешни и неуспешни превземања од страна на работниците (на пример Јадранкамен и ТДЗ во Хрватска) и моделите на работничка акционерска сопственост (Југоремедија во Србија и ИТАС во Хрватска). Сведоци сме исто така, на нова соработка помеѓу различни социјални движења (како што се студентските и работничките) при градењето на заедничка анти – капиталистичка стратегија. 

Конечно, постои уште еден тип на борба која заслужува внимание: имено, хегемонските културни и интелектуални напори чија цел е да ја променат општата јавна клима, доминантниот медиумски дискурс, и повторно да ги воведат прогресивните идеи со поширокото општество. Нивната основна цел е да ја поткопаат (нео)либералната хегемонија која почнувајќи од 1989 година успешно ги делегитимитира традициите и промовира избирачка демократија – иако често завршуваат во автократии – и слободниот пазар како единствен избор. 

Во пост – Југословенски контекст, оваа општа пост – социјалистичка ориентација беше поврзувана, не секогаш хармонски, со националистичко – конзервативната, со десно ориентираните екстремисти и со анти – комунистичката доминација. И покрај тоа се судри до либералните обиди за ‘демократизација’ на овие општества; напорите главно беа фокусирани на институционалните реформи и ЕУ интеграционите процеси кои само ја проблематизираа приватизацијата и праксите – но не и општата неолиберална ориентација. 

Анти - владин протестант пали знак во Крањ, Словенија

Се до неодамна, застапувањето на прогресивна агенда и радикално размислување во доминантниот дискурс беше скоро невозможна задача. Сепак, економскиот и финансискиот шок во 2008 година, проследен со кризата во ЕУ, отвори простор за дотогаш маргиналните движења да ја артикулираат својата критика на моменталниот политички и економски режим. 

Овие обиди опфатија јавни собири, форуми и фестивали, летни школи, серија од активистички и академски работилници и конференции за медиумите, коментари, осврти и онлајн магазини. 

Движења, пленуми, партии

Политичките стратегии на движењата опишани погоре за сега остануваат ограничени на повремени протести и собири – често обележани од испитувањето на репрезентативната демократија во име на хоризонаталноста – петиции па дури и покани за референдум. Иако моделот понуден од Грчката левица Сириза, коалиција на движења активни во парламентарните политики, е шитоко ценет, не можеме за сега да детектираме сериозен обид да се доближат овие борни кон институционалните политики. 

Сепак, она што протестите во Босна и Херцеговина јасно покажуваат е дека енергијата на протестот набрзо може да исчезне и да се претвори во дури поголем презир како и вообичаената фрагментација, или како што Волтер Бенџамин ја нарекува ‘лева меланхолија’. Но, ако протестите се претворат во некој вид на институционализирана политика – самосоздадена паралелна институција како што се собранија раководени од граѓаните и/или нови политички партии кои се подготвени да се впуштат во изборна борба – потенцијалот на прогресивното движење за поширок социјален и политички импакт може да остане јак. 

Без протестите, пленумите би ја изгубиле својата легитимност да вршат притисок, а без пленумите, протестите би го изгубиле својот легитимитет и својата артикулација. За возврат, секој иден обид кај партиите и репрезентативните политики ќе мора да се базира, инспирира и води од социјалните движења и нивните пленум активности. 

Затоа, моменталниот бран на протести и пленуми во Босна и Херцеговина можеби претставува раѓање на вистинскиот граѓански активизам, и најдлабоката политизираност на општеството за најосновните прашања за секоја земја, како што се социјалната правда и еднаквоста за сите свои граѓани. Она што се случува во Босна, нема да остане во Босна.

 

 

Извор: opendemocracy.net
П
ревод: Попова

 

 

Оставете коментар