Новиот Ајфон на Епл „има сензор за отпечатоци од прсти“

Дел од код од iOS7 кој открива „отпечаток од прст кој менува боја за време на сетап процесот“ вчера беше објавен на интернет, поттикнувајќи гласини дека новиот Ајфон може да содржи сензор за отпечатоци од прсти.

Ако гласините се вистинити, најновиот Ајфон ќе биде прв производ од Епл кој ќе има таков сензор, кој би можел да биде употребуван за да се отклучи мобилниот или да се потврди идентитестот за плаќање преку App Store или други страни. Сензорорт би бил вграден во Home копчето.

Порано оваа година беше кажано дека ланец за снабдување во Тајван рекол дека Епл бил приморан да го одложи производството на следниот Ајфон заради неуспевање да најде материјал кој нема да пречи на сензорот.
Сензорите за отпечатоци не беа широко искористени кај паметните телефони во минатото. Моторола го пушти во продажба моделот Atrix 4G во 2011 година кој имаше биометриски сензор за отпечатоци со што се нудеше одредено ниво на сигурност. Купувачите, како и да е, се пожалија на проблеми со скенерот и непрепознавање на нивните отпечатоци.

Останатите дигитални сигурносни системи вклучуваат можност за отклучување на телефонот со препознавање на лицето вградена во Samsung Galaxy S3 исто така и во Nexus 4 на Google.

 

Оставете коментар