Нова VIP верзија на Facebook

Познатите личности, актери, пеачи, спортисти и останати ѕвезди ги прифатија друштвените мрежи како еден од каналите за безбедно комуницирање со своите обожаватели.

Меѓутоа, Facebook сега сака да им понуди и нешто повеќе, со оглед на тоа дека познатите личности користат ист Facebook како и „обичните луѓе“.

Се шпекулира дека Facebook тестира апликација која е наменета за VIP личности, како би им се олеснило пратењето на настаните на нивните јавни профили кога тие не се на својот компјутер. Една од претпоставките е дека ова е обид од страна на Facebook да се поттикнат познатите личности да споделуваат уште повеќе информации од својот приватен живот со обожавателите.

За разлика од Twitter каде е многу полесно да се пратат реакциите на луѓето кои следат некоја објава на позната личност, на Facebook е многу лесно да се изгубите во целата таа работа.

Со оглед на тоа, ова е уште еден во низата на Facebook обиди за воведување на опции кои најпрво се појавија на Twitter мрежата, а со тоа се надеваат дека ќе привлечат повеќе популарни личности.

 

 

Оставете коментар