Нова изложба на познатиот уметник Ристо Соколов – Сокол

Соколов и овој пат го покажа својот талент и истакна дека е подготвен за нови уметнички фотографии.
”Ретро Арт Нови Моменти” всушност претставува јубилејно издание на Соколов – 40 години уметничко творење како слободен ликовен уметник.

retroart5

Сокол досега се има претставено со многубројни самостојни и групни изложби во Македонија и Европа и важи за одличен организатор на меѓународни ликовни колонии.
Оние кои го познаваат велат дека до ден денес Соколов постојано создава нови уметнички дела со истата енергија од својата младост.

retroart4

retroart3

retroart2

НОВА ИЗЛОЖБА НА РИСТО СОКОЛОВ СОКОЛ

На 6 септември 2013 со почеток од 20 часот во изложбените салони на “Музеј – Галерија“ Кавадарци ретроспективно ќе бидат изложени 50-тина дела настанати последните 5 години. Во различни техники и материјали од обемното творештво на Ристо Соколов Сокол пред ликовната јавност, меѓу другите ќе се најдат дела од неговите циклуси “Траги“ и “Некогаш и денес“ работени со природни материјали, каде авторот се јавува како иноватор во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како тоа го правеле старите мајстори, надоградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Речиси една третина од изложените дела првпат ќе бидат претставени пред кавадаречката и македонската ликовна јавност.

Оригиналноста и квалитетот на ликовната уметност на Ристо Соколов Сокол се доволна причина неговата нова ликовна изложба да биде еден од ликовните настани кои ќе ја одбележат килтурната и уметничката година во Кавадарци. Исто како и претходните негови ликовни претставувања се очекува оваа негова ретроспективна поставка да биде претставена во повеќе еминентни галериски простори низ Македонија.

Инаку Ристо Соколов Сокол е роден 1957 година во с. Дреново. Училиште за применета уметност завршува 1978 во Скопје. Факултет за ликовни уметности Скопје на отсекот за графика кај професорот Димитар Малиданов и графички дизајн кај професорот Костадин Танчев Динка завршува 1988, како студент на генерацијата на отсекот графика.
Има зад себе над петнаесет самостојни изложби во Македонија и странство, а е познат како врвен изведувач на ликовни перформанси и ентетриерен дизајнер и изведувач. Низ годините наназад организатор е и ликовен координатор на најпознатите кавадаречки ликовни колонии, а моментално ја координира Меѓународната ликовна колонија “Хотел Фени“ во Кавадарци, која годинава успешно се одржа по шести пат.

Член е на ДЛУМ, еден е од основачите на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци, чиј актуелен претседател е во моментот. Живее и работи во Кавадарци како самостоен ликовен уметник.
 

Оставете коментар