Нов протест, денеска револтот го изразуваат хонорарците

Протестната поворка тргнува од Жена парк, во 14 часот и ќе се движи од Собрание до Министерство за труд и социјална политика до Влада и до Слободната студентска зона на УКИМ.

Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права, граѓански здруженија, активисти и поединци ги отфрлаат последните измени на законите за придонеси за хонорарна работа и бараат целосно повлекување на законските измени со кои се воведува плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите.

Извор ПЛУСИНФО

Оставете коментар