Nokia: 6 инчен phablet

Порталот The Verge тврди дека станува збор за уред со екран од 6 инчи и FullHD (1080p) резолуција. Се очекува уредот да биде првиот Windows Phone уред што ќе работи на quad-core процесор, користејќи го чип од компанијата Qualcomm. Сеуште не се знае за кој процесор станува збор, но се претпоставува дека ќе биде Snapdragon 800; моментално најмоќниот процесор на светот.

Камерата исто така ќе биде нешто посебно, а The Verge тврди дека ќе има резолуција од најмалку 20 мегапиксели. Наводно, Nokia планира да ја користи истата леќа како 42 мегапикселната камера на Lumia 1020. Да се надеваме дека телефонот нема да биде ексклузивен само за САД, туку на еден или друг начин ќе го најде патот до Македонија. Екранот од 6 инчи, на крај, на нас ни звучи како премногу.

 

 

Оставете коментар