“Нокаут”, Сашко Коцев, “Репортерс” и “Ептен” на “Т’к Так Фест”

„Чест и задоволство ни е што и годинава ќе имаме можност да им понудиме на кавадарчани, но и на граѓаните на цела Македонија одлична забава. Имаме одлична програма, со интересни и звучни имиња, шоумени, и секако врвни музичари“ – вели Марко Матиев од организациониот одбор на Т’к Так Фест.

„Нам како организационен одбор ни е драго што и годинава ќе имаме можност да промовираме исклучиво македонска музика, но и да промовираме млади бендови, што беше и една од животните мисии на патронот на фестивалот, Трајко Каров. „Нокаут“ се „Нокаут“, едни и единствени, за прв пат во Кавадарци ќе ги слушнеме и „Репортерс“, новинарската екипа во која членуваат славните Жарко Димитриовски, Борјан Јовановски, Петрит Сарачини (Амон Мра), Драган Антоновски, Стојан Трпчевски и Миле Бошњаковски, а свој концерт ќе имаат и минатогодишните победници, бендот „Ептен“. Премиерно во Кавадарци со 45 минутно стенд ап шоу ќе настапи еден од најдобрите актери во последните неколку години во Македонија, Сашко Коцев. Нема да изостанат и „хероите“ од кавадаречката сцена, па така годинава ќе ги видиме младите рок надежи, „Џоа бенд“ и најдоброто од кавадаречката клупска сцена, DJ Freak и DJ Lako“ – продолжува Матиев.

Покрај ревијалниот, традиционално и оваа година фестивалот ќе има натпреварувачки дел на кој демо бендовите од Македонија покрај за Гран При наградата Трајко Каров која е во вредност од 30000 денари, а се доделува на најдобриот тапанар, ќе имаат можност да добијат ексклузивна можност за соработка со Гени Каревски, Зоран Алексиќ и Јордан Манов.

Третото издание на „Т’к Так Фест“ ќе се оддржи на 30ти август, на градскиот базен „Ал Пачино“ во Кавадарци, со почеток од 21 часот.

Оставете коментар