Нису били “они” криви, ми смо били говна!!!

Велам, има нешто во срж’та на македонецот, длабоко вкоренето во неговите гени, нешто кое одвнатре го тера да прави глупости, разни свињарии, да се “јаде” меѓусебе, да се плука еден со друг, навредува, омаловажува, сплеткароши…

Вистински талент сме од светски размери, ни нема рамен на планетата Земја. Информации за подалеку немам. Но, верувам дека и на подалечни растојанија тешко дека ќе се најде жив свет кој би можел да ни конкурира на овие особини. Особини врз кои се темели едно цело општествено преживување. Вистински неприкосновени шампиони. За жал.

Во овој контекст на дефинирање и опишување на општествениот македонски карактер и просветлување на духот, одвнатре надзира една благородна и позитивна особина. Не е добра за обичниот граѓанин, ни под разно. Ами, за необичниот.Се вика СОЛИДАРНОСТ наклонета кон потчинување. Особина “зачинета” со персонално омаловажување, потчинетост спрема претпоставениот, лесно “пукање” на духот во ситуација и на најмал притисок. Искуството произлезено од минатото говори дека битката ја губиме уште пред да започе натпреварот. Некако најлесно и наједноставно е да го развееме белото знаменце. А потоа владиката Петар нека ни е на помош. Само што неговите услуги се поприлично скапи. А и прибирлив е за тие работи.

Во изминатиот период на територијата на општина Кавадарци започна да се случува “нешто”. Се случија неколку настани кои за жал и не можат да се пофалат со својот квалитет. А всушност на кого му е гајле за квалитетот на нештата. Граѓаните баш ги заболе за квалитетот на случувањата и нивната важност. Од одамна не се навикнати на конструктивни случувања така што се тотално парализирани во продлабоченото анализирање на нештата. Квалитетот го компензираат со квантитетот. А квантитетот го поврзуваат со категоризација односно да се биде дел од од некоја група. Било каква. Затоа што тогаш се чувствуваат некако најсигурно. Едноставно, во очите на другиот се гледаат себеси. Велат, како за сите така и за мене. Не им треба многу време за да се адаптираат на условите и термините. Не за друго велат, ами оти немале и многу, многу избор.

Види мајката, каков изговор. Напротив, денеска имаме најмногу слобода на избор од кога и да е. Внимавајте добро. Станува збор за слобода на избор и никаква друга слобода. Но, за сето тоа да се види и разбере треба очите да бидат ширум отворени, да се користи функционалноста на мозокот, да се има свое размислување, свој став за нештата. Едноставно треба да се биде ГРАЃАНИН.

Многу често, некои “питомци”, парафразираат од типот “општина Кавадарци заживува”. Па, фала богу, никогаш ниту било мртвило. По малку подзаспано, да. Тоа со “оживувањето” најверојатно се мисли на германскиот секс кој се случува а е заштитен со македонски кондом. Во Кавадарци знаете како велат: “Овде граѓаните може да ти го згрешат името, но прекарот никако”. Оттаму и поимот СЕКС-МАЕР не е бадијала проструено низ кавадаречките кулоари. Случајности не постојат.

Оваа помпезна појава од типот на “оживувач на градот” ги собори сите белосветски рекорди кога станува збор за играње со ниските страсти и чувства на обичниот граѓанин. Манипулација со гаранција од која за многу кратко време испливаа сите гомнарии на површината.
Начинот и принципите на работа и вработување не се европски, ами овдешни, “наши”. Едноставно, единстената вештина за вработување која човек треба да ја поседува е партиската членска книшка. Било која. Едната повеќе, другата помалку. И толку. И не навлегувам понатаму во критериумите и принципите на вработување. Секоја приватна компанија си има свои методи.

Меѓутоа она кое најмногу ме изреволтира и воедно испровоцира да го пишувам ова што го пишувам се секојдневните и постојани поплаки произлезени од разговорите со оние граѓани чие работно место е токму во оваа плејбој работилница. И не само директно засегнатите туку и оние кои будно посматраат од стана а сепак си имаат свој став на оваа тема. Респект за истите. Значи, кршењето на работничките права ги надминува сите граници. Како и во поголемиот број на компании така и овде работникот се третира како “ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ”.

Во автобусите кои ги користат за превоз од дома до работното место и обратно честопати се “товарени” и до 100 работници. Автобусот има 50 седишта. Замислете, нема одење на ручек се додека не се постигне дневната квота на производство. Користењето на англискиот јазик за комуницирање е научна фантастика. Се зборува со друг јазик, додека “нашите” како бајчиња преведуваат. Паузата за ручек трае цели 20 минути. Треба да сте кондиционо спремни како Усеин Болт за да стигнете на време за вашиот топол оброк. А патот до кујната е вистинска трка на 100 метри со пречки меѓу вработените. Ако закасниш, следуваат заушки.

Доста “интересен” е феноменот кога на работените им се забранува да пијат вода. Изговорот на надлежните во вакви ситуации е дека потоа многу често оделе да ги вршат своите физиолошки потреби, а со тоа и често отсуствувале од производната линија. А и кога вработените оделе до тоалет, надлежните на глас им броеле колку пати биле да мочаат, серат, итн.

Друга работа за воодушевување или душевно пореметување е тоа што на вработените постојано им се врши психолошки притисок да присуствуваат на работното место и во деновите сабота и недела. Нешто слично на оној вицот 24/7 или слично. А, да. И во спротивно, доколку одбиете да одите на работа преку викенд, имате големи шанси во најбрз временски рок да ја добиете главната награда – бркање од работа.

Знаете, да сте странски инвеститор во оваа библиска земја, е вистински благослов. Сите адути се на ваша страна. Вклучително и евтината работна снага. А тоа е и главниот предуслов за доаѓање на ваквите инквизитори. Пардон, инвеститори. 

За македонскиот менаџер (што и да значи тоа) од поодамна е докажано дека е исфрустиран и неизживеан безрбетник, ништожник и паразит, чија единствена животна агенда е својот личен профит и напредок во општеството во кое престојува, па макар влогот била и маката и несреќата на другиот. Најчестата позиција во која може да ја сретнете ваквата амеба од директор-менаџер е клечечки став со полна уста без користење на сопствените раце. И тоа трае, и трае, трае…

Доколку живееме во едно нормално општество (а не живееме), ситуацијата и позициите во општеството би се изротирале за цели 180 степени. Во таквото нормално општество, оној кое “гледа одозгора” најчесто е е тој кој го “јаде” стапот. Неговата позиција зависи токму од граѓаните. Оттаму и неговиот страв спрема нив е на високо и одржливо ниво. Таквото општество подеднакво им припаѓа на сите, а не на поединци-профитери.

Денешната слика е од типот “И волкот сит и овците на број”. За жал, кога станува збор за патриотизмот, токму она патриотското го немаме во нашиот ген за да реагираме за неправдите кои се случуваат пред нашите очи. Ја немаме желбата за праведност, борбата за рамноправност, искрата за почитувањето на основните човекови права во едно (не)демократско општество. Велам, ќе биде навистина интересно кога некои од наредните генерации ќе не запрашаат што имаме направено за подобрување на основните демократски услови на егзистирање. Одговорот јас го знам. А го знаете и вие. Нису били “они” криви, ми смо били говна!!!
 

Оставете коментар