Ние сме луди!!!

“Ние сме луди, а ова што го правиме е ненормално!!!”
Тврди министерот за финансии во снимките што ги објави Заев!
Односно, власта е луда, власта на вмро е луда, премиерот е најлуд, а политиките, мотивите и целите, се е ненормални!
Тоа е најфасцинантната работа што ја чувме од снимките што денеска ги пушти Заев!
Сега се поставува прашањето: што да правиме со лудаците!
Фактот дека имаме работа со лудаци ја дисквалификува оценката дека се работи за политичка криза!
Станува збор за безбедносна и хуманитарна криза од највисок маштап, веројатно со регионални и европски димензии, од маштап кој веројатно нема до крај да го дозволи како соодветно, замисленото, “чекор по чекор”, сценарио на Заев.
Мислам дека ќе мора да се дејствува побргу, ние сме киднапирана држава, киднаперите се внатре, целото општество е заложник, киднаперите, освен што се луди, се и вооружени, мораме да побараме, не олеснувачи, туку специјална помош од надвор за совладување на киднаперите и за ослободување на луѓето и на објектот! Тоа е обврска и право на Македонија!
И, најважно, ние треба да сме спремни да си ги прифатиме ризиците!
Тоа не мора да значи насилство, се разбира дека треба да сториме се насилството да се избегне, но притисокот врз лудаците, особено врз оние кои во тој круг се малку помалку луди, со идеја да се дезинтегрира тоа злосторничко јадро мора да продолжат, општественото престројување во рамките на Собирањето за спас на Македонија да се интензивираат, структурната поддршка за лудаците од бизнис заедницата, културата, науката, спортот итн. да се елиминира, да придолжат интензивните дипломатските активности, но, сите заедно мораме да работиме како дека моментот на востанието за слобода ќе биде утре! Нема страв од нивните ресурси оти страста за слободата и правдата е таа што ним ќе им втера страв и ќе ги онеспособи!

Оставете коментар