Неуспешен грабеж на TTK банка во Кавадарци

Двајца маскирани разбојници кои носеле фантомки на главите, утрово се обиделе да ја ограбат ТТК банка во Кавадарци, потврди портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, извести МИА.

– Утрово, пред 8 часот двете непознати лица влегле во ТТК банка и едниот од нив со пиштол барал од вработената да му ги даде парите. Вработената и присутните почнале да врискаат и сторителите побегнале – информираше Стојковска.

Извор Плусинфо 

Оставете коментар