Несовесното трошење доведе до втор ребаланс на буџетот на општина Кавадарци

Советниците ќе отворат расправа по следниот дневен ред:

  • 1.Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2013 година – трет квартал, или во превод: На што се потрошените парите на кавадарчани за месеците јули, август и септември?
  • 2.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2013 година, или во превод: Ребаланс на буџетот заради ненаменско трошење на парите на граѓаните.
  • 3.Предлог – План за Програмите за развој.
  • 4.Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за изградба на црква „СВ. Петка“ Кавадарци од Буџетот на Општина Кавадарци за 2013 година.
  • 5.Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт Урбанистички План за село Конопиште, разработка блок 5, Општина Кавадарци.
  • 6.Предлог – Олука за утврдување на Нацрт Детален Урбанистички План за дел од УБ 10 К Опитно Поле 3, Општина Кавадарци.
  • 7.Предлог – Олука за утврдување, изменување и дополнување на Нацрт Детален Урбанистички План за УБ 22 К и 23 К, Општина Кавадарци.
  • 8.Предлог – Програма за организиран дочек на Новата 2014 година и Божиќните празници, или во превод: Село гори, баба се чешла.

Како што може да се види од точката 2, Советниците на Општина Кавадарци треба да отворат расправа за кратење, намалување на општинскиот Буџет, или пак советниците ќе расправаат за нов Ребаланс на Буџетот. Ова ќе биде втор по ред Ребаланс на Буџет оваа година. 

Како што дознаваме, Буџетот на Општината ќе биде помал во однос на проектираниот, и тоа за цели 50 милиони денари. Прашањето е која е причината за намалување на Буџетот на Општина Кавадарци? Се надеваме дека советниците за време на седницата ќе отворат “жестока” дебата на ова прашање и ќе и ја доловат на кавадаечката јавност вистинската причина.

Оставете коментар