Несовесно трошење на водата за пиење во Кавадарци, луксуз или ужас?

И уште попривлечна затоа што токму оваа од фотографијата се наоѓа во близина на основното училиште Тошо Велков-Пепето во Кавадарци.А во училиштата нели, учат деца. Не многу, но сепак учат.

Но прашањето е : Дали граѓаните на општина Кавадарци чувствуваат храброст да го направат следниот чекор: Да ја препливаат „барата со изворска вода“, за да си ги задоволат своите нормални и секојдневни човечки потреби? Која е функционалноста на фонтаната ако немате соодветен пристап до неа? Чуму таа постои?

Човек да се подзамисли дали и да се обиде да пристапи до неа . И кога би пристапил , во овој случај залудно би се трудел, бидејќи загарантирано оди кон својот НЕУСПЕХ.

Кога истата оваа ФОНТАНА би ја погледнале во летниот период на температури и над 40 степени целзиусови … звучи примамливо …

И во двете ситуации неуспехот е неизбежен. Но, во втората можеме да бидеме задоволни со тоа што барем ќе се разлади човек во жешките денови.

Веруваме дека се одлучивте за третата опција . А таа е, полека но сигурно ја одминувате оваа глетка , и продолжувате кон патот до успехот , заедно со својата жед.

Сепак постои и позитивна страна во цела оваа „убавина“ . Додека светот е жеден , ние сме гладни.Сепак на некој начин сме чекор напред .

Ех, оваа наша чудесна земја!!!


 

Оставете коментар