Необични животни факти кои не сте ги знаеле

Еве работи кои се тука, а сепак не сте ги знаеле

– На ноевото јајце му е потребно околу 4 часа за да се свари

– Сте мислеле дека мачките брзо се размножуваат? Стаорците во тоа се шампиони, секој пар стаорци за 18 месеци на свет може да донесе скоро милион потомци

– Цртачите мора да направат околу 27.000 скици на автомобилот пред да се започне со производство

– Зошто се чешате по убод од комарец? При убодот тој испушта течност за да полесно ја испие вашата крв, односно таа да не се згрутчува. Овој агенс против згрутчување на крвта е иритантен за нашето тело па почнува да ве чеша

– Мајката на Адолф Хитлер озбилно размислувала за абортус, но лекарот ја раљзубедил

– Маслото на бананата никогаш не се прави од банана туку од нафта

– Некои жаби понекогаш изедуваат толку многу инсекти познати како светулки што почнуваат и самите да светкаат во мракот

– Во познатиот филм на Алфред Хичкок “Психо”, како крв во сцената во кадата се користел чоколаден сируп

– Фетусот почнува да ги развива отисоците на прстите после осмата недела

– Девојките имаат повеќе перцептори за вкус на јазикот од машките

– Потребни се 15.840.000 ролни тоалетна хартија за да се покрие кинескиот зид 

– Секоја година околу 98% од атомите во човечкото тело се заменуваат со нови

– Жолтите куќи најлесно и најбрзо се продаваат

– За да ги согорите калориите од само една бомбона “M&M” морате да ја пропешачите целата должина на фудбалскиот терен

– Давањето бакшиш во рестораните во Исланд се смета за навреда

– Некои видови лубеници во Јапонија чинат и до 5000 денари

– Старите Келти во војна оделе сосема голи, а телата им биле обоени во сино од косата до стопалата

– Бројот на сперматозоиди кај денешните мажи е триесетина проценти помал одколку пред 30 години

– Дури и мала количина на алкохол ако се стави на жив скорпион ќе делува на него така што ќе се убоди сам себе

– Само 55% од луѓето знаат дека Сонцето е звезда

– Најмалата и најстара република на светот е Сан Марино

– Проголтаниот мед влегува во крвотокот во рок од 20 минути

– 2500 левораки луѓе годишно умираат или погинуваат бидејќи користеле производи наменети за десничари

– Дијамантите пронајдени во Бразил се потврди од оние во Африка

– Најчесто име на светот е Мухамед

– Во просек, секое четиригодишно дете поставува по 437 прашања дневно

– Во Франција постои град кој се вика Кондом

– Ако појадувате ќе согорите 5 до 20 проценти повеќе калории во текот на денот отколку да не појадувате

– Секој месец во кој прв ден е недела, секогаш има петок 13

– Поголем дел од машката популација има ерекција секои час до час и половина во текот на сонот

– Во Стара Кина луѓето извршувале самоубиство така што за кратко време изедувале околу половина килограм сол

– 75% од јапонките поседуваат вибратор. Во светото 47% од жените го имаат ова “помагало”

– Поголеми се шансите да погинете со удар од тапата на шампањско отколку да ве гризне отровен пајак

 

 

Оставете коментар