Неколку грешки кои ги правиме секој ден – а не знаеме

Голем дел од овие работи се всушност употребени на сосема погрешен начин а тоа воопшто не го приметуваме. За таквиот развој на настаните виновни се погрешните претпоставки кои сме ги усвоиле по пат, без да провериме дали се точни и докажани.
СТАПЧИЊА ЗА УШИ
Иако голем дел од луѓето ги користат за чистење на ушите, факт е дека оваа навика предизвикува потполно спротивен ефект. На тој начин само ја втурнуваме нечистотијата подлабоко во увото, што може да доведе до оштетување на ушното тапанче. Па за што тогаш служат тие стапчиња? Тие всушност се совршени за земање на разни брисови во медицината, за употреба во козметиката како и за чистење на надворешниот дел на увото.
БАТЕРИИ ВО ФРИЖИДЕРОТ
На батериите може да му се продолжи животниот век ако ги ставите во фрижидер, тоа сигурно сте го слушнале безброј пати. Но, мораме да кажеме дека е ова потполна бесмислица. Производителите на батерии всушност препорачуваат тоа да не го правите, бидејќи на тој начин поради кондензацијата во фрижидерот може да се скрати нивниот живот.
ЗАБНА ПАСТА ВРЗ АКНИТЕ
Акните ќе исчезнат ако на нив нанесете паста за заби. Не, тоа не е вистина, на тој начин само ќе го исушите и иритирате местото околу нив.
МИЕЊЕ НА КОСАТА СО ШАМПОН СЕКОЈ ДЕН
Една од најголемите грешки кои луѓето често ја прават. Премногу шампон всушност ја исушува вашата коса, што доведува до несакан перут.
АЛКОХОЛ ПРИ ГОТВЕЊЕТО
Со готвењето испарува цел алкохол од јадењето. Не, тоа не е вистина ! Иако нивото на алкохол со готвење се намалува, факт е дека секогаш останува дел. По готвење од два и пол часа процентот на алкохол е околу 5%, па нема опасност од опивање.
АКО ГОЛТНЕТЕ ГУМА ЗА ЖВАКАЊЕ…
Ако ви се случи да голтнете гума за жвакање таа ќе остане во вашиот организам дури седум години?! Тоа сигурно сте го чуле до сега но и тоа е една обична заблуда. Иако гумите за жвакање бараат повеќе време за разградување, таа во организмот останува најмногу седум дена.
КАФЕТО Е ДИУРЕТИК
Иако кофеинот има благ диуретички ефект, не е ни приближно таков како што го сметаат луѓето. Факт е дека кафето делува исто како и водата – што повеќе пиете, повеќе уринирате.
АЛКОХОЛОТ ГО ЗАГРЕВА ТЕЛОТО
Тоа е целосно измислица. Чувството на “загревање” всушност е последица од промена во крвотокот бидејќи при испивање на алкохол крвните жили се прошируваат.
КОРИСТЕЊЕ ДО ДАТУМОТ ВТИСНАТ НА АМБАЛАЖАТА
Сите намирници имаат датум односно рок на траење. Но, битно е да се нагласи дека одредени работи откако ќе им помине рокот на траење не мора задолжително да се фрлат. “Најдобро да се користи до” е датумот до кој квалитетот на одредениот производ е најдобар, што не значи дека споменатата храна не може да се користи и после тој рок.

 

 

Оставете коментар