Неколку факти за хактивистичката група Anonymous

Да се биде член на Anonymous не е така гламурозно како што се чини. Активните членови кои учествуваат во различните напади на сајтови се имаат соочено со законот, а некои имаат добиено затворски казни. Сепак, тоа не ги спречува постојано да бидат присутни и да се борат против цензурата и репресијта.
Во продолжение неколку факти за оваа група.

1. Во 2008 година Anonymous за прв пат се најде во центарот на светската јавност (иако постоеше и пред тоа). Причината за ова внимание е нивниот напад на сајтовите на скиентолошката црква, а воедно беа објавени и документи поврзани со работата на црквата.
2. Оваа група му даде поддршка на Џулијан Асанж и сајтот WikiLeaks. Тие водно го срушија сајтот на Paypal (кој му го сврте грбот на Асанж) и на тој начин на компанијата и причинија штета во висина од 5,36 милиони долари.
3. Anonymous се познати како борци против детската порногрфија. Така во 2013-та година успеаја да срушат 40 сајтови за детска порнографија и објавија податоци од над 1.500 корисници.
4. Во поглед на организацијата, Anonymous се претставува како група без лидер. Нападите на сајтовите се организирани, а во јавноста повремено се појавува некој лик кој не се плаши да зборува отворено како што е Берет Браун.
5. Симбол за оваа група се маските со Гај Фокс (англиски офицер кој во 1605 година бил дел од заговор за убиство на тогашниот крал). Благодарение на филмот V for Vendetta тие стекнаа популарност и сега можете да ги видите на секој можен голем протест (како оние во Турција и Бразил). Главно се произведуваат во фабрика лоцирана во Бразил.
6. За разлика од останатите групи и движења, Anonymous не се фокусира само на одредена религија, раса, политичко гледиште итн. Нивна главна цел е борбата за слобода (главно на говорот) и сметаат дека секој може да биде нивен член. Нивните идеали можете да ги најдете отсликани и преку уличната уметност.
7. Досега поради своите активности во рамките на Anonymous, уапсени се членови кои доаѓаат од различни земји како САД, Британија, Шпанија, Турција.

 

 

 

Оставете коментар