Дали вака се негува друштвениот живот во Кавадарци?

Рибља Чорба е само еден од многуте звучни рок бендови од бившите ју-простори кои правеле неверојатни свирки во ова некогаш друштвено катче за младите.

 

Сега е запуштено дувло, жива депонија. Како некаква џунгла од Амазонските филмови. Кој е одговорен за вакво мртвило на духот, за ваквата зачмаеност која лесно може да се долови низ сликите. И да бидеме чесни до крај – и не е проблемот во тоа што дискотеката е затворена, најголемиот проблем е депонијата, која е во и’ околу овој објект.

 

Објектот е даден под концесија на период од 20 години. Лицето кое стопанисува моментално со овој објект најверојатно е иселен на Марс или некоја друга планета?!

Оставете коментар