Неготинскиот бизнис сектор се жали дека власта врши притисок и казнува престрого

Во разговор со Узунов, неготинските стопанственици се пожалија на строгата казнена политика и притисоците од владејачката партија, информираат од партијата. Бизнисмените во Неготино се пожалија на лошите бизнис услови и лошата инфраструктура, а граѓаните заедно побараа помош во полето на енергетската ефикасност, жалејќи се на високите сметки за електрична енергија.

Узуновски истакна дека со новите економски мерки се планира враќање на 15 отсто ДДВ за повеќе пари во оптек и за да се зголеми потрошувачката моќ на граѓаните, а со тоа и да се подобри бизнисот. Данокот за добивка, нагласи тој, ќе остане на 10 отсто. Опција за 30 отсто даночно ослободување ќе добијат оние кои ќе поттикнат развој на спортот, културата, науката и образованието.

– Ослободување на данок во период од три години за оние фирми кои ќе направат инвестиција поголема од три милиони евра и ќе поттикнат зголемување на извозот, развивање на руралните области, вработување на луѓе со инвалидитет или за ново вработени лица – рече Узуновски.

Тој најави крај на казнената политика затоа што, рече, таа треба да служи за почитување на законите, а не за полнење на буџетот.

СДСМ меѓу другото планира за домашните инвестиции да важат истите услови како и за странските инвеститори со цел да се поттикне домашниот бизнис. За разлика од власта која се задолжува кај домашните банки и со тоа ги истиснува парите од приватниот сектор, СДСМ, рече тој, планира поттикнување на банките да го кредитираат бизнисот.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски истакна дека во овој регион СДСМ планира сериозни инвестиции во патната и железничката инфраструктура. Тука го истакна проектот на СДСМ „Македонија Мегалополис“, за поврзување на сите поголеми места во државата каде би се стигнало за помалку од 90 минути. Таквиот проект би ја олеснил, рече тој, комуникацијата со руралната средина и би го помогнал развојот на стопанството.

Извор ПЛУСИНФО

 
 

Оставете коментар