Не се потребни топови за комарци како нас

По повод крвопролевањето во редакцијата на францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo, каде животот го изгубија дванаесетмина, од мароканскиот весник TelQuel ги пренесуваме најинтересните делови на интервјуто кое главниот уредник, денес покеоен Stephane Charb Charbonnier, во септември 2012 година го дал на новинарка од весникот Fadwi Islah. Го одбравме разговорот од кој е очигледно под какви услови работеле, каква била уредувачката политика на неделникот вредностите за кои се залагале. Исто така, во интервјуто новинарката наведува низа тези кои баш овие денови се подметнуваат: провокативноста на сатирата, границите на слободата на говор, одговорноста на самиот медиум за насилството … Тогапниот повод за интервјуто била насловната страна на која весникот преку карикатура на Мухамед се пресметува со филмот “Невиноста на муслиманите” и поради тоа бил нападнат.

КАЖЕТЕ НИ НЕШТО ЗА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА: КОЈ И КАКО ДОШОЛ ДО ТАА ИДЕА? ДАЛИ СИТЕ ВО ЕДАКЦИЈАТА СЕ СЛОЖИЛЕ СО НЕА?

Насловната страница настана како одговор на актулните случувања. Ја искористивме сликата на пророкот Мухамед да се потсмеваме со филмот “Невиноста на муслиманите”, кој е монументално срање. Јас ја нацртав карикатурата. Како и секоја недела, се состанавме во редакцијата и нацртавме повеќе цртежи па ги закачивме на зид. Попладне гласавме за насловната страница и ја избравме мојата карикатура која се реферира на филмот “Недопирливи”.

ЗОШТО?

Несомнено поради оптимизмот. Во “Недопирливите” двајца дијаметрално спротивни ликови на крајот се сложуваат и се засакуваат. На цртежотКарикатура на неделникот Charlie Hebdo од 2012 год. со која се симеваат на филмот "Невиноста на муслиманите": Забрането потсмевање со муслиманите и евреите. муслиманот е прикажан во количка која ја турка евреин. Така што тоа е и еден вид порака за мир: би биле среќни муслиманите и евреите конечно да се засакаат и да можат да се смеат сами на себе, на своите мани, односите меѓу нив да бидат помалку напнати. Но иако сме оптимисти и понатаму сме луцидни. Од таму и ‘облачето’ со текст “Забрането потсмевање” покрај ликовите, што алудира на неподготвеноста на двете заедници да се насмеат на своја сметка. Покрај тоа, нивната реакција не требаше долго да ја чекаме: CRIF (Претставничкото собрание на еврејските институции во Франција) го осуди изданието, а Француското собрание на муслиманскиот култ ја разгледува можноста за тужба.

НЕ СЕ ПЛАШИТЕ ДЕКА ЌЕ БИДЕТЕ НАПАДНАТИ ИЛИ ДЕКА РЕДАКЦИЈАТА НА CHARLIE HEBDO ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ЗАПАЛЕНА, КАКО МИНАТАТА ГОДИНА ПОСЛЕ АФЕРАТА “CHARLIE HEBDO”? ДОБИВТЕ ЛИ ЗАКАНИ?

Добивме многу мејлови, повици, навредливи писма, главно од бесни муслимани кои детално објаснуваат зошто, според нив, не треба да се исмејува Исламот или Пророркот … Но само едно писмо содржеше закана за смрт.

ЗАРЕМ НЕ СЕ ПЛАШИТЕ ЗА СВОЈАТА СИГУРНОСТ?

Веќе една година сум под полициска заштита од аферата “Charlie Hebdo“. Но не се плашам од освета. Немам деца, жена, автомобил, кредит. Можеби звучи надуено, но подобро би умрел стоејќи, отколку да живеам на колена.

ДАЛИ ПРИМИВТЕ И ПОРАКИ ЗА ПОДРШКА? ОД ПОЛИТИЧАРИ, УМЕТНИЦИ?

Да, и тоа годи. Примив илјадници мејлови за подршка, од кои особено ме погодуваат оние од муслиманските земји. Што се однесува до јавните личности, реакциите се различни. За разлика од лани и “Charlie Hebdo“, оваа година познатите се двоумат службено да не поддржат. Помалку по пример на министрите, кои не можат да се сложат околу ставот кој треба да го завземат: Jean-Marc Ayrault и Laurent Fabius (тогаш премиери и министер за надворешни работи) изразија негодување, додека Manuel Valls (тогаш министер за внатрепни работи, денес премиер) не бранеше во име на слободата на говорот.

Поради карикатурата на пророкот Мухамед која вели "Стотина удари со камчик ако не умреш од смеа" од 2011 година, редакцијата на неделникот била запалена со Молотов коктелСЕПАК, ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДИПЛОМАТИЈАТА И ВЛАСТА, ИАКО ОД ЛЕВИЦАТА, ИМААТ ИСТА ЛИНИЈА НА ОДБРАНА: “ЖАЛ НИ Е, ТОА Е ПРОВОКАЦИЈА …” КАКО ГО ОБЈАСНУВАТЕ ТОА?

Мислам дека денес во Франција постојат две левици: онаа која ги смета муслиманите за одговорни граѓани, способни да се нашалат, да се оттргнат и издигнат над работите. И онаа која муслиманите ги патронизира сметајќи ги за жртви или чувствителни луѓе, кои по секоја цена треба да ги ‘чуваме’, а не да ги шокираме. Тоа е случај со крајната левица и тоа го сметам како покровителство према муслиманската заедница. Што се однесува до мене, муслиманите не треба да се третираат како деца.

ИСКРЕНО, ЗАРЕМ НЕ Е ЛАКОУМНО ДА СЕ ОБЈАВИ ТАА КАРИКАТУРА ДЕНЕС КОГА НИЗ АРАПСКИОТ СВЕТ ВЛАДЕАТ НАПНАТОСТИ ПОРАДИ ФИЛМОТ “НЕВИНОСТА НА МУСЛИМАНИТЕ”? НЕ МИЛИТЕ ЛИ ДЕКА ИМАТЕ НОВИНАРСКА ИЛИ БАРЕМ ГРАЃАНСКА ОДГОВОРНОСТ?

Наша единствена одговорност е да го почитуваме францускиот закон. Ние сме француски сатирички магазин кој излегува во Франција и некои франкофони земји како Белгија. Не издаваме во Мароко и мулсиманските земји. Кога тоа би било случај, би ги почитувал локалните закони, попатно обидувајќи се да ги унапредам. Во Франција нема цензура, на секому е да ги изразува своите ставови како сака. Покрај тоа, не присилуваме никого да не чита, Charlie Hebdi се продава по трафиките, содржината не се објавува на интернет страницата… значи, читањето магазин е дброволен чин, не се наметнуваме никому.

КАДЕ СЕ ГРАНИЦИТЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, А КАДЕ ПОЧНУВА ПРОВОКАЦИЈАТА?

Тоа се границите на францускиот закон, кои главни се прилично јасни. Иако секогаш би можеле да тежнееме кон повеќе слобода. Покрај тоа, правосудството е свесно за тоа дека ние сме сатиричен магазин и ни суди во контекст на тие факти. Не сме терористи. Доказ за тоа е што победивме во постапката од 2007 година, каде ни се судеше поради насловната страница со Мухамед кој вели “Тешко е кога те сакаат кретени”.

ПОВИКУВАЈЌИ СЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ ИГРАТЕ НА СИГУРНО … МНОГУ ДОБРО ЗНАЕТЕ ДЕКА ПО ТОА ПРАШАЊЕ ВО ФРАНЦИЈА СТЕСамо една недела од кога им ја запалиле редакцијата објавена е оваа карикатура на која муслиман го бакнува карикатуристот: "Љубовта е посилна од омразата" СИГУРНИ. ВО НАЈЛОШ СЛУЧАЈ ЌЕ ВЕ ОБВИНАТ ЗА БЕЗОБРАЗНОСТ ИЛИ ЌЕ ПОСОЧАТ ДЕКА СТЕ ИЗБРАЛЕ ПОГРЕШЕН МОМЕНТ.

Но треба да можете да играте на сигурно! Веќе дваесет одини цртаме и сите не напаѓаат, медиумскиот притисок е максимален поради три несреќни цртежи кои се издадени во 75.000 примероци! Не е потребно да се оди со топови на комарци како што сме ние.

СЕЕДНО, ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ, ОСОБЕНО ЗА ФРАНЦУЗИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО МУСЛИМАНСКИТЕ ЗЕМЈИ?

Ако почнеме да се занимаваме со дипломатија, нема веќе да бидеме сатиричен магазин. Со оглед на заплашеноста околу нас, повеќе се плашиме од тоа дека ќе бидеме премногу внимателни и разумни, знаете, кога екстремистите бараат оправдување за да го оправдаат своето насилство, секогаш наоѓаат. Не се чувствувам како да сум убил некој или загрозил нечии живот со својот молив. (…) Овде се потсмеваме на еден беден филм и реакциите на екстремистите од сите страни, а не обвинуваат дека додаваме масло на огнот.

НО ЗАМИСЛЕТЕ УТРЕ ВО МАРОКО ИЛИ НЕКОЈА ДРУГА МУСЛИМАНСКА ЗЕМЈА ДА ЕКСПЛОДИРААТ ФРАНЦУСКИ ШКОЛИ. ДАЛИ БИ СПИЕЛЕ СО МИРНА СОВЕСТ?

Не би спиел ништо помирно отколку кога бомбите експлодираат во Афганистан. Но не би се чувствувал одговорен, бидејчи тоа би значело дека се залагам за тероризам. Но јас имам молив, а не оружје!

КАКО СО ОВА ДА СЕ СПРАВИМЕ НИЕ КОИ СЕКОЈДНЕВНО СЕ БОРИМЕ ЗА СОЧУВУВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ СЛОБОДИ СООЧЕНИ СО ПОРАСТОТ НА ИСЛАМИЗМОТ, НИЕ КОИ СЕ БОРИМЕ СО СЕКУЛАРИЗМОТ ВО ЗЕМЈИТЕ КАКО МАРОКО ИЛИ ТУНИС?

Гнасно е што на оние на кои им пречи слободата на говорот ги земаат за пример нашите карикатури за да речат: “Видете што носи премногу слобода, ништо вече не се почитува …” Не можам никого да советувам секоја земја е специфична и мислам дека секој треба да го најде својот пат. Не можеме да го наметнуваме францускиот модел на слобода на изразување. Би излегло дека Французите сакаат да го наметнат хуморот или своите ставови на Мароко, како што САД сака да наметне демократија во Афганистан.

МОМЕНТАЛНО ДИГАТА ПРЕМНОГУ ПРАШИНА. ДАЛИ Е ТОА МОТИВАЦИЈА ЗА ВАШИОТ ЧИН? РЕКЛАМА, МЕДИУМСКИ УДАР …

Сега звучите како бројни новинари и медиуми, кои сакаат интервју со нас, а не третираат како опуртунисти кога ќе се согласиме. Францускиот неделник Le Point жестоко не критизира, попатно објавувајќи ги нашите карикатури на својата интернет страница. Кој тогаш профитира од таа ‘прашина’?

Редакцијата го добила судскиот спор поради насловната на која Мухамед вели: "Тешко е кога те сакаат кретени" (2006 год.) СЕПАК, ЌЕ СЕ СЛОЖИТЕ ДЕКА ОВА НЕ Е ПРВ ПАТ ДА ОБЈАВИТЕ КАРИКАТУРА НА ПРОРОКОТ МУХАМЕД? НЕ СТАНУВА ЛИ ТУКА ПОМАЛКУ ЗБОР ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ?

Оние кои тоа го тврдат не читаат Charlie Hebdo. Од 1058 броеви, само три насловни страници со Мухамед. Секоја недела ги браниме илегалците, меѓу кои има многу муслимани, се бориме против расизмот и дискриминацијата, се залагаме за имигрантско право на глас … лично бев против законот кој забранува носење на вел. Но медиумите за Charlie Hebdo никогаш не зборуваат во тој контекст, кој главно е наклонет кон муслиманите.

МАРОКАНЦИТЕ КАКО И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД МУСЛИМАНИТЕ ЈА СМЕТААТ ВАШАТА УРЕДНИЧКА ПОЛИТИКА ЗА ИСЛАМОФОБИЧНА. ШТО МИСЛИТЕ ЗА ТОА?

Ми смета зборот исламофоб: тоа буквално значи страв од исламот. Ја сум атеист и не се плашам од муслиманската религија, туку од екстремистите на сите вери. Ниту ги мразам ниту ги сакам религиите, ги отфрлам и никогаш нема да бидам религиозен. Не сум исламофоб како што не сум ниту јудеофоб, катофоб или будистофоб.

СМЕТАТЕ ЛИ ДЕКА МАРОКАНЕЦОТ, МУСЛИМАНОТ, КОЈ Е ШОКИРАН ОД ВАШИТЕ КАРИКАТУРИ, ПОРАДИ ТОА Е ЕКСТРЕМИСТ?

Не, никако. Муслиманите можат да протестираат, тоа е нивно право, и тоа го сметам за здраво. И јас еднаш бев шокиран од спознанието дека еден имам држи антисемитски проповеди во париска џамија. Не го нападнав поради тоа. Треба на муслиманите кои со ова се чувствуваат навредени да им се дозволи да протестираат, да го изразат своето несогласување. Тоа е исто така слобода на говор. Додека тоа се одвива ‘мирно’, немам проблем. Особено не треба да се поистоветуваат со раздразнетото малцинство кое се буни не знаејќи ниту кои сме, без и да ги видат цртежите, бидејќи тоа ќе му служи само на Националниот фронт.

БАШ ТАКА. ВЕ ПОДРЖУВА MARINE LE PEN. ВИ СМЕТА ЛИ ПОДРШКАТА НА ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА?Почесто, неделникот ги исмејува католиците отколу муслиманите: Папата содомизира кртица: "Ми ги заменува министрантите" (2012 год.)

Ужансо ми смета, особено поради неа. Ја користи оваа приказна за да удира по имигрантите, а не да ја брани слободата на печатот. Не брани, а ме изложи на полициско испитување бидејќи не и се допадна нејзината карикатура. Значи, можеме да се потсмеваме со проркот, но не и со Marine? Тоа е смешно.

ВЕ ОБВИНУВААТ ЗА СДВОСТРУКИ МЕРИЛА, ДЕКА ПОВЕЌЕ СЕ ПОТСМЕВАТЕ СО ИСЛАМОТ ОТКОЛКУ СО ОСТАНАТИТЕ РЕЛИГИИ.

Повторувам, оние кои го мислат тоа не читаат Charlie Hebdo. Редовно ги исмејуваме маните на католиците и евреите. Пред неколку години, за време на полемиката за шпион во Ватикан, го нацртав Папата (кој за католиците е сепак претставник или гласноговорник на Бог на земјата) како содомизира кртица. Тоа не подигна толкава врева. Ако зборувам статистички, почесто ‘удараме’ по католиците отколу по муслиманите. А во 1058 броеви имавме само четири судски постапки со католички здруженија.

ИМАТЕ ЛИ ПОРАКА ЗА МАРОКАНЦИТЕ, КОИ НАЈГОЛЕМ ДЕЛ СЕ МУСЛИМАНИ И СЕ ЧУВСТВУВААТ НАВРЕДЕНИ?

Порака за сите кои се чувствуваат навредени во својата вера: тоа не се однесуваше на вас. Ако се шокирани, нека протестираат, но мирно. Не сум задоен со клишеа за исламот дури ниту кога станува збор за салафитите, знам дека сите не се лудаци (иако затоа не ги бранам). Всушност, имам потреба да им кажам да направат сатиричен магазин и да ни вратат во иста мера! Исмејувајте ги атеистите, изругајте ни се!

 

 

 

Извор: е-novine.com

Превод: Попова

Оставете коментар