Навивачката група “Лозари” со ултиматум до кавадаречкиот градоначалник Панов!

„Напред Тиквеш“, „Стоп за криминал, насилство и дрога – сакаме спорт“ , „Кога можело 1930 зошто сега не? ФК „Тиквеш“ и екотот од навивачките песни со боите на клубот, навивачката група “Лозари Исток” од Кавадарци и покажа на дело на целокупната македонска јавност уште еднаш по којзнае кој пат дека се единствени во ставовите за заживување на фудбалот и спортот во целина во општина Кавадарци.

Во соопштението кое беше прочитано пред присутните на градскиот плоштад во Кавадарци во рамките на мирниот протест “Ние за градот, а што градот за нас?” беше потсетено на некои од позначајните мигови од историјата на фудбалскиот клуб Тиквеш. Беа предложени низа идеи и акции за конкретно решавање на засегнатите во овој проблем, се со цел на изнаоѓање идеално решение.

“Уште еден проблем кој сакаме да го нагласиме и за кој се бориме да се врати во рацете на градот и да се одземе концесијата на градското игралиште во Кавадарци кое е под концесија исто на првиот човек на ОФС во Кавадарци, С. Тасев. Доволно е да се фрли еден поглед на ова руина која одкако овој човек го зеде фудбалското игралиште под концесија добивате чувство како да сте во приказната на “Трнорушка”. Разрушените нефункционални трибини, се повеќе од доволен знак дека никој од Кавадарци, па најмалку идните генерации на овој град го заслужуваат тоа. Ова култно градско место на кое во неделните спортски потпладниња знаеше да собере и по 5000 сограѓани, навивачи љубители на најважната споредна работа во светот, фудбалот, сега е во заборав.” – се вели во соопштението.

Навивачката група потсети и на акцијата кога собраа 1930 потписи за ставање крај на оваа голгота околу кавадаречкиот фудбал и
спорт, и прашаа зошто и после 2 години од собирањето на потписите нема конкретна акција за решавање овие проблеми?

Во законот за концесии на Р.Македонија децидно стои дека концесионерот е должен да ги чува, одржува и обновува материјалните блага на спортскиот објект кој го има под концесија, во спротивно концесијата му се укинува. ЗОШТО не се одземе концесијата и не се започне со акција за реконструкција на стадионот како што заслужува град Кавадарци? На овие прашања бараме најбрз одговор од градските власти и чекаме брзи акции кои би започнале за решавање на проблемите и враќањето на Тиквеш, на фудбалот, на стадионот на патеките по кои го носеа нашите предци и по кои патеки сакаме да го оставиме во наследство на идните генерации на кавадарчани кои ќе одлучат да останат во градот кој за жал и на некои места се повеќе личи на некоја паланка” – велат навивачите.

Навивачката група предложи да се регистрира здружение на граѓани кое би било составено од бивши истакнати спортски работници и фудбалери на Тиквеш и од тоа здружение да се појави нов градски фудбалски клуб „Тиквеш 1930”,  кој би започнал да се натпреварува за жал од општинската лига. Во меѓувреме да се направи отворена средба во градското собрание под покровителство на советот и на градоначаникот на општина Кавадарци на која ќе биде поканета целокупната бизнис елита од градот, навивачите, со цел да се изгради една стабилна финансиска конструкција, која потпомогната со средствата одвоени од градскиот буџет за фудбал, плус плаќање чланарина во клубот и помошта од бизнис секторот да се изгради и воздигни повторно клубот на ниво на кое му доликува.

Стојат цврсто и зад сите барања кои беа изјаснети од пред две години и кои ќе бараат да се внесат во статутот на новиот клуб “Тиквеш 1930″, а тоа се следниве:

  • • Kлуб во кој на најважните функции ќе седнат образовани и компетентни луѓе без обзир на партиската припадност
  • • Клуб кој транспарентно ќе работи на финансиски план
  • • Клуб во кој ќе се почитуваат сите закони на Република Македонија
  • • Клуб кој ќе нема да продава млади играчи од неговите школи додека соодветно не се засили
  • • Клуб кој ќе има резултатска визија
  • • Клуб кој ќе служи како пример за доброто однесување
  • • Клуб кој активно ќе учествува во активности во општествениот живот
  • • Клуб кој ќе има поголема поврзаност со навивачката група Лозари
  • • Клуб чии натпревари ќе бидат забава за цела Кавадаречка фамилија со стадион кој ќе одговара со високи услуги
  • • Клуб кој вистнски ќе се грижи за своите легенди и ветерани, демократски избори на водство на клубот на годишни собранија
  • • Клуб кој ќе работи на проширување на своите членови и навивачи
  • • КЛУБ КОЈ КЕ БИДЕ ГОРДОСТ НА КАВАДАРЦИ!  

 

Со поднесувањето на барањата се постави и ултиматум и временски рок до традиционалната кавадаречка манифестација “Тиквешки Грозодбер” (06.09) да се почне со решавање на проблемите, во спротивно со низа протести и пароли за време на манифестацијата ќе ги исмејуваат градските власти на чело со градоначалникот Панов во немоќта да се справат со овој проблем.

ЦЕЛОТО СООПШТЕНИЕ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ

Оставете коментар