Нуачни причини зошто е добро да читате книги

Читањето книги може да биде забавно
Имено, истражувањата објавени овој месец сугерираат дека уживањето во книжевноста може да помогне во зајакнување на способностите за ‘’читање мисли’. Истражувањето спроведено покажува дека читањето ја негува вештината позната како “теорија на умот” која се опишува како способност за читање мсили и чувства на другите.
Читањето може да ве опушти
Полни сте со стрес? Земете книга. Во 2009 година е спроведено истражување на Универзитетот во Сасекс кое покажало дека читањето е најефикасниот начин да се надмине стресот. “Читањето ги победувало традиционалните начини како што се пиење чај или кафе па дури и прошетките.”. На учесниците во истражувањето им биле доволни само 6 минути да се опуштат откако ќе почант да ги вртат страните на книгите.
Читањето ја помага кондицијата на вашиот мозок
Долгогодишното читање може да помогне вашиот мозок да ви остане во форма кога ќе остарите. Истражувањето кое вклучило 249 лица кои умреле со просечна старост од 89 години, открило дека тие кои претходно биле ментално активни (и кои читале), во староста имале послаб пад на меморијата од оние кои не читале.
Според ова истражување не би требало да ги потцениме ефектите на секојдневните активности, како што се читање и пишување.
Читањето може да ви помогне да спиете подобро
Гоолем број експерти за спиење советуваат пред одење во кревет мислите да се смират а телото да се одмори – а читањето е одличен начин да се направи тоа. Читањето под слаба светлина е подобро отколку гледање во екранот на лаптопот.
Да се изгубите во добра книга значи да бидете емпатичен
Според истражувањето на PLOS ONE од јануари, кога сте “изгубени” во фикцијата на книгата, со тоа всушност можете да го зголемите вашето сочувство. Истражувачите во Холандија направиле два експеримента, кои покажале дека луѓето кои биле “емоционално транспортирани” во фикцијата, доживеале зајакнати чувства на сочувство.
“Во овие експерименти бевме во состојба да покажеме како вештините на емпатија значајно се менуваат за време на читањето приказни од Артур Конан Дојл или Жозе Сарамага. Читателите кои уживале во Дојловите приказни биле емпатични додека оние кои не уживале доволно станувале помалку емпатични.”
Self – helping книгите можат да ја олеснат депресијата
Истражувањето објавено во PLOS ONE покажало дека читањето книги кои би требало да ви помогнат (библиотерапија) во комбинација со сесии на тема како да ги користите, се поврзуваат со намалување на депресијата за само после една година, во споредба со пациентите кои примале регуларна терапија.

 

 

 

Оставете коментар