Наскоро цуцли за возрасни – лек за висок крвен притисок

Научниците развиле уред сличен на детската цуцла кој на возрасните посебно на постарите, им овозможува да го избегнат чувството на вртоглавица и несвестица.

Откако ќе се стави во уста, цуцлата го зголемува протокот на крв за 50% што спречува да се тресат нозете при нагло станување.

Ортостатската или постуралната хипотензија е многу честа кај лицата постари од 60 години и причина е за 10% од случаите на губење свест кои не ретко завршуваат со непријатни падови.

Со стареењето, крвниот притисок се снижува, посебно во пределот околу вратот, па неретко при нагло станување, лицата чувствуваат вртоглавица или малаксаност во нозете. За овие лица и најмалиот напор претставува тешка задача.

Размислувајќи за овој проблем, лекарите смислиле ефикасно и практично решение – цуцла. Со шмукањето, цуцлата го зголемува крвниот притисок во насока на срцето и мозокот. Со тоа доаѓа до полнење на плуќите со воздух, што го олеснува протокот на крв во насока на мозкот. Лекарите наведуваат дека цуцлата спојува корисно со пријатно и дека оваа направа, иако детска играчка, може значајно да го подобри животот на постарите лица.

 

 

Оставете коментар