Нашиот проблем е граѓанската послушност

Почнувам од претпоставката дека светот е свртен наопаку. Погрешни луѓе се во затвор, а погрешни луѓе надвор од него. Погрешни луѓе се на власт, а погрешни луѓе немаат моќ. Богатството во оваа земја, но и во остатокот од светот, распределено е така што не бара само мала реформа туку драстична прераспределба.

Започнувам од претпоставката дека за оваа тема не треба многу да зборуваме бидејќи доволно е да размислиме за состојбата на работите за да сфатиме дека се испревртени. Ако не размислувате и слушате само она што се зборува на ТВ, ќе започнете да забележувате дека работите не се така лоши или дека проблемот е само во ситниците. Меѓутоа, мора на момент да се одвоите од се и да се вратите назад, за да на вистински начин го видете светот и да се згрозите од него.

Кога велите дека темата е граѓанската непослушност, всушност зборувате дека нашиот проблем е граѓанската непослушност. Тоа не е нашиот проеблем. Нашиот проблем е граѓанската послушност. Наш проблем се луѓето ширум светот кои послушно ги прифаќаат наредбите на оние кои владеат и тргнуваат во војни, а милион луѓе ги изгубија своите животи поради таа послушност.
Тоа го видовме во Германија со нацистите. Знаеме дека проблемот во тој случај била послушноста. Луѓето го послушале Хитлер. Тоа било погрешно. Требало да му се спротивстават. Дури и во Русија, за време на владеењето на Сталин, луѓето биле послушни. Како во стадо. Се сеќавате ли на деновите кога луѓето дозволувале феудалистите да ги искористуваат? Се било очајно во тоа време.

Денес имаме западна цивилизација. Владеење на законите. Владеењето на законите ја зголеми неправдата која владеела пред владеењето на законите. Тоа е она што го направи ова владеење на законите. Во сите земји во светот, владеењето на законите е омилено на оние кои владеат и чума за народот. Тоа би требало да го препознаеме. 

Мораме да ги надминеме тиа национални граници во нашето размислување. Никсон и Брежњев имаат повеќе допирни точки отколку ние и Никсон. Џ. Едгар Хувер има повеќе заедничко со шефот на руската тајна полиција отколку со нас. Меѓународната лојалност кон законот и редот е она што ги спојува светските лидери. Затоа сме секогаш изненадени кога се состануваат, се смеат, се ракуваат и пушат цигари. Во реалноста се сакаат, независно од тоа што зборуваат.

Она што пробуваме да го направиме, претпоставувам, е да се вратиме кон принципите и дихот на Декларацијата за независност. Тој дух е да се даде отпор на нелегитимната власт и силите кои на луѓето им го одземаат правото на живот, слобода и трагање по среќата. Под тие услови, Декларацијата на луѓето им дава право да го укинат таквиот облик на владеење. 

И да, акцентот беше на укинувањето.

За да го напраиме тоа, мораме да излеземе надвор од оквирот на законите. Да престанеме да ги почитуваме законите кои од нас бараат убивање, ваква распределба на богатството и затворање на луѓето поради ситници во исто време кога извршителите на тешките криминали се држат надвор од затвор.
Се надевам дека ваквото размислување ќе завладее не само во мојата земја туку и во остатокот од светот бидејќи тоа ни е потребно на сите. На луѓето во останатите земји им е потребен духот на непослушноста. Тоа не е работа на метафизиката туку работа на сила и богатство, а нам ни треба Декларација за меѓусебна зависност меѓу луѓето о сите земји кои тежнеат кон иста цел.

 

 

 

Оставете коментар