НАСА распиша конкурс за изградба на куќа на Марс и Месечината!

Покренат во рамки на НАСА програмот „Предизвик на векот“, проектот 3DPHab предвидува развој на технологија за изградба на куќа надвор од нашата планета, со користење на локални ресурси и рециклирани материјали.

Целта е „благовремена“ изградба на куќа за колонисти кои еден ден ќе го населат Марс и Месечината.

 

„Планот е на Месечината и Марс да се пратат автономни градежни машини кои ќе изградат станбени единици наменети за луѓе“, се наведува во соопштението на НАСА, пренесуваат западните медиуми.

 

Во првата етапа на конкурсот , кој ќе биде отворен до 15 јули, од заинтересираните се бара да замислат реалистични археолошки решенија во 3Д, a победникот на конкурсот му следи чек од 50 .000 американски долари.

„Другата етапа, во која победникот ќе освои 1,1 милион долари, ќе биде посветена на технологии 3Д печатења и технологии комбинирани од увозни и локални материјали“, додека во третата етапа акцентот ќе биде на изградба на станбени единици со помош на наведени технологии, се наведува во соопштението на НАСА.

 

Оставете коментар