Застрашувачки податоци: Во Македонија наркомани помлади од десет години!?

Во последните неколку години, возраста на која се почнува со конзумирање дроги се намали на осум или девет години. Со дроги се започнува најчесто од љубопитство, од желбата за докажување во друштвото, а се посега и во моменти на депресија или целосен неуспех во животот. Некои од наркозависниците се од дисфункциоанални семејства со најразлични семејни проблеми, најчесто поради развод на родителите. Но, има и такви од поимотни, средени семејства кои имаат се’ во животот, па што се вели „од узур и бес“ сакаат да пробаат и дроги.

 

Се‘ повеќе центри за лекување на зависници од дроги
Се’ зависи од тоа со што ќе започнат. Ако тоа се некои од појаките дроги и поголеми дози, наркоуживателите или наркоманите, како што ги нарекува народот, за многу кратко време можат да умрат од предозираност, што за жал е се’ почесто последниве години во Македонија. Има и такви кои ја сфаќаат животната грешка и со лекување сакаат да се вратат во живот.

 

Се‘ повеќе запленета дрога
Македонската полиција последниве години се‘ повеќе е ангажирана на сузбивање на производство и пуштање во промет наркотични дроги, како и оневозможување на нивна употреба. ОД МВР за ДВ појаснуваат:
„Ако во 2011 година МВР открила над 430 килограми дроги, од кои најголем дел марихуана, хашиш, кокаин, хероин и други дроги, во 2012 тој број е двојно зголемен на 846 килограми наркотични дроги, од кои најголем дел, 784 килограми и 578,6 грама е марихуана, над 55 килограми хероин и во помала грамажа кокаин, хашиш, амфетамин и други дроги. Во 2012 се реализирани 604 кривични дела, од кои 468 за ’неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори’, како и 136 кривични дела за ‘овозможување на употреба наркотични дроги‘. Заклучуваме дека е констатиран тренд на зголемување на откривањето и запленетите количества на марихуана и хероин“, појаснуваат од МВР.

Оставете коментар