Намирници кои може да ги користите и откако ќе им истече рокот

Она што е изненадувачки е што повеќето намирници кои верувате дека се ризични да се јадат на денот кога рокот истекува, се сигурни за консумирање дури и откако тој ќе помине.
Ова се само дел од нив:

Млеко

Пастеризираното млеко може да издржи 50% подолго ако го чувате на ниска температура. Пробајте млекото да го чувате во задниот дел од фрижидерот наместо на вратата. Ако пак млекото се скисели, од него направете палачинки.

Јајца

Според тврдењата на Dane Gunders кој се занимава со истражување на храната, јајцата може да издржат помеѓу 3 до 5 недели. Но, мора да се чуваат на температура пониска од 5 степени, бидејќи така се спречува потенцијалното развивање на салмонела.

Храна со многу шеќер

Било која храна со многу шеќер, како на пример мармаладот и медот, е секогаш сигурна за консумирање.

Леб

Чувајте го во замрзнувач и тој ќе трае вечно. Само внимавајте да ги отстраните мувлосаните делови, ако ги забележите.

Храна во конзерви

Продолжете и го рокот на конзервата така што ќе ја држите на темно и суво место.

Марула

Се додека марулата не поцрни, можете да ја освежите во ледено студена вода.

Чоколада

Чоколадата може да трае прилично долго. Изложеноста на топлина и директен воздух го предизвикува создавањето на белиот слој, кој всушност настанува од мастите кои избиваат на површината. Што значи, нема потреба од фрлање на цели чоколади.

 

 

 

Оставете коментар