Најсиромашниот претседател на светот

“Луѓето кои сакаат пари премногу треба да се исфрлат од политиката”, вели уругвајскиот претседател Хосе Мухика.

“Измисливме нешто што се нарекува репрезентативна демократија, каде велиме дека мнозинството одлучува. Затоа ми се чини дека ние (претседателите на државите) треба да живееме како што живее мнозинството, а не како што живеат само малку луѓе.”

Нарекуван уште и “најсиромашниот претседател на светот” тој наведува дека 90% од својата плата го дава во добротворни цели. Неговиот пример е во строга спротивност со САД каде просечниот член на Конгресот има повеќе од милион долари на своето конто.

“Црвен тепих, луѓе кои свират – она …” вели тој имитирајќи човек кој свири на труба. “Сите тие работи се остатоци од феудалниот систем. А персоналот кој го окружува претседателот е како голема стара свита.”

Уругвјскиот претседател објаснува дека нема ништо лично против богатите луѓе, но смета дека тие не ги претставуваат најдобро интересите на најголем дел од луѓето кои не се богати.

“Не сум против луѓет кои имаат пари, кои сакаат пари, кои лудуваат по парите”, вели тој, “но мораме да ги одвоиме од политиката. Мораме да ги протераме од политиката луѓето кои премногу сакаат пари, бидејќи тие се опсаност во политиката. Луѓето кои сакаат пари треба да се посветат на индустријата, трговијата, умножувањето на богатството. Но, политиката е борба за среќа на сите”.

На прашањето зошто богатите не се добри претставници на сиромашните луѓе, тој вели: “Тие светото главно го гледаат од своја перспектива, а тоа е перспективата на парите. Дури и кога работат со најдобри намери, перспективата која ја имаат за светот, за ѓивотот, за своите одлуки, доаѓа од богатството. Ако живееме во свет во кој би требало да владее мнозинството, мораме да се обидеме да ја вкорениме нашата перспектива во онаа на мнозинството, а не на малцинството.”

Мухика станал познат по тоа што ги отфрла симболите на богатството. Неговите иронични коментари за краватите кои ги изнел во интервјуто во мај на шпанската телевизија станале интернетска сензација: “Вратоврската е бескорисен партал кој ве дави”, рекол тој во текот на интервјуто. “Јас сум непријател на конзумеризмот. Поради овој хиперконзумеризам, ние забораваме на најосновите работи и ја трошиме човековата снага на нешто што има мал уддел во човековата среќа”.

“Јас немам раце на претседател, моите раце се рапави”.

 

 

 

Оставете коментар